Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се одржа 21-от „Марш за ангелите“ во Кочани: побаран одговор до каде е постапката за оценување на обвинителниот акт за „Пулс“

0
By Marija Todorovska on September 6, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска излегоа на 21 протестен „Марш за ангелите“ низ улиците на Кочани. Тие и овој пат ја поминаа добро позната маршута, од „Паркот на Револуцијата“, Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани, покрај  Управата за јавни приходи и зградата на полициската станица до Основниот суд и Обвинителство, од када им се обратија на судиите и обвинителите во врска со постапката за оценка на обвинителниот акт за трагедијата во „Пулс“.

Како што сме упатени практично оваа фаза може да трае и повеќе месеци, но одолговлекување без оправдана причина е спротивно на законот и претставува основ за реакција од страна на нас оштетените или јавноста. Оценка на обвинителен акт нема строг рок, но должност е да одлучите во разумен рок. А поминаа скоро 3 месеци од како е донесен обвинителниот акт , приговорите од обвинетите се поднесени и единствено се чека од Вас – оценка на обвинителниот акт. Затоа, ве молиме да ни доставите информација  дали постои одреден рок во кој Советот е должен да донесе одлука и доколку не, ве молиме да укажете кога приближно може да се очекува завршување на оваа постапка, имајќи го предвид начелото за постапување во разумен рок (член 6 од ЗКП), запраша Розета Џамова, сестра на еден од починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Во меѓувреме, истрагата за трагедијата во „Пулс“ се прошири, откако вчера Обвинителството поднесе нов обвинителен акт против уште едно лице во врска со пожарот во дискотеката во Кочани. Новообвинетиот, реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушн“, се товари за тешки дела против општата сигурност, поради сериозни пропусти во организацијата и спроведувањето на мерките за заштита во објектот. Обвинението е поднесено до Основниот кривичен суд Скопје, а обвинителството бара продолжување на сите претходно определени мерки за обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на постапката.

Дискотека Кочани марш пожар пулс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.