Уште една провокација, варварски чин и дел од долгогодишната антибугарска кампања во Северна Македонија – вака претседателот на Бугарија Румен Радев го квалификува палењето на влезот на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.
Радев порачува дека „институциите во Република Северна Македонија мора да ја сфатат својата одговорност кон помладите генерации и да не дозволат омразата да владее со јавниот простор”, пренесува БГНЕС.