На социјалната мрежа „Фејсбук“, отворена е иницијатива која повикува на протести што треба да се одржат утре, во 18:00 часот, на плоштадот „Скендербег“, за поддршка на Албанците од Македонија.
„Протести за поддршка на Албанците во Илирида. 8 јули, 2014. Во отсуство на институционална поддршка како од властите во Приштина така и од властите во Тирана, ние ќе ги информираме дека ја имаат поддршката на сите Албанци. Протестите ќе се организираат за поддршка на Албанците кои живеат во Илирида и истовремено ќе им соопштиме дека не се сами. Протестите ќе се организираат во вторник, на 07.07.2014, во 18:00 часот а местото на собир ќе биде споменикот на Скендербег. Протестирај КРВЕНО ЦРНО„“, се вели во овој повик.
Овој протест е организиран од „Плисат“, навивачка група на спортскиот колектив Приштина.
Се организираат протести во Приштина за поддршка на Албанците во Македонија
0Published: Monday, July 7, 2014 18:37




