Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се подготвува новиот привремен камп на Лезбос, бегалците и мигрантите протестираат

0
By Нова ТВ on September 12, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со слоганите „Слобода“, илјадници бегалци и мигранти, кои четврти ден се на улиците на Лезбос, без покрив над глава, денеска повторно протестираа со барање да си заминат од островот, додека паралелно, со брз ритам се поставуваат шаторите во новиот, привремен камп, јави дописничката на МИА од Атина.

По двата пожари во Мориа, најголемиот бегалски камп во Грција, нешто помалку од 13.000 бегалци и мигранти сѐ уште се на улиците, а меѓу нив се и 35 лица позитивни на Ковид-19.

Исто како и вчера, така и денеска бегалците и мигрантите одржаа протест, барајќи да си заминат од Лезбос, а според локалните медиуми од островот, запалиле дел во близина на Кара Тепе, односно местото каде што ќе биде привремениот камп.

Пожарот веднаш бил локализиран.

Шаторите во новиот, привремен камп, што се наоѓа на просторот на стрелиштето, веќе се поставени, а не е исклучена можноста уште вечерва да бидат пренесени дел од бегалците и мигрантите, односно семејствата со деца и ранливите групи.

Планирано е сите оние што ќе влезат во кампот, да бидат регистрирани и тестирани за Ковид-19, како и групирани и сместени според националноста.

Новиот привремен камп, според грчките медиуми ќе прими околу 3.000 лица.

Шаторите се обезбедени од УНХЦР Грција, додека пак од Швајцарија вчера пристигна првата странска помош за Грција, односно за бегалците и мигрантите од Мориа.

Швајцарија испрати еден тон и 200 килограми помош, односно ќебиња, кујнски прибор,  средства за лична хигиена и слично.

Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос, заедно со амбасадорот на Швајцарија во Атина, ја примија помошта наменета за Лезбос.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.