Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се поизвесно е оти струјата ќе поскапи за најмалку пет проценти

0
By Biljana on May 28, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се поизвесно е оти граѓаните од 1-ви август ќе плаќаат повисоки сметки за струја. Од информациите кои претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, ги сподели со новинарите на  утринскиот брифинг се поизвесно е оти цената на струјата ќе се покачи за најмалку пет отсто, но конечната одлука, според РКЕ, сепак ќе зависи од цената што ЕСМ ќе ја понуди на следниот тендер што ќе се одржи во втората половина од јуни.

Бислимовски вели оти компаниите веќе ги доставиле своите барања, но тие допрва ќе се разгледуваат.

„ РКЕ нема да прифати никакви дополнителни трошоци кои не се однесуваат директно на дистрибуцијата и преносот на струја. Сепак, најголемо влијание на крајната цена на струјата ќе има понудата на ЕСМ, односно цената по која ЕСМ ќе ја продава струјата на универзалниот снабдувач во следните шест месеци“, посочи Бислимовски.

Ако Регулаторна ги прифати барањата на енергетските компании цената на сметките за струјата би се зголемила за пет отсто, односно на сметките од 1000 денари покачувањето би било за најмногу 50 денари, но само под услов ЕСМ да не ја зголеми цената на струјата, брифираат од Комисијата.

Пресметките со кои енергетските компании бараат корекција на цената, веќе се доставени до Регулаторната Комисјата, која, согласно законот, новата цена на струјата треба да ја соопшти до крајот на јули, а ќе почне да се применува од 1 август.

Последната одлука за цената на струјата беше донесена лани кога електричната енергија се покачи за 7.4 отсто.

Билјана Божиновска

електрична енергија струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.