Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се појави авторот на спорните песни, кој е селекторот

1
By Нова ТВ on April 2, 2018 ВЕСТИ
Фото: Призма
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Членовите на комисијата кои биле избрани од Агенцијата за млади и спорт за збирката „Млади поети“ велат дека кај нив нема одговорност зашто биле објавени две песни со дискриминаторска содржина. Тихомир Јанчовски, член на комисијата, укажува дека тие требало само да одберат три најдобри песни, што ќе бидат наградени. На доделувањето на наградите, една од вработените на АМС рекла дека сите пристигнати песни ќе бидат објавени во книга.
 „По ова, никој од АМС не ни се јавил, ниту не’ консултирал за содржината на книгата, и за тоа кои песни треба да влезат или да не влезат во неа. Не сме добиле ни имејл, ни писмо, ниту некој не барал по телефон во врска со тоа. Не сме правеле никаква селекција, ниту некој од нас барал некаков извештај. Селекцијата на песните што се застапени во книгата не е направена од нас. Ние направивме избор на првонаградените три песни и толку“ напиша Јанчовски на својот ФБ профил.

Јанчовски додава дека биле  пристигнати 70 -80 песни, а дека се објавени 44: “Значи некој сепак направил селекција, но тоа не се членовите на комисијата”, вели Јанчовски.

Уште еден од членовите на Комсијата, Наталија Андова Шопова, исто така на Фејсбук потврдува дека  комисијата имала задача да додели три награди за најдобрите три песни:

„Тоа беше и единствената обврска на членовите на жирито, кои не учествуваа во уредувањето на збирката и селектирањето на песните што ќе бидат застапени во неа”, напиша таа, додавајќи  дека ги осудува „сите шовинистички и дискриминаторски ставови, и никогаш не би вклучила такви песни во кој било избор од ваков тип”.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски претходно на прес конференција се обиде дел од вината да префрли врз членовите на комисијата кои според него требале да ги селектираат песните.

„Моите очекувања беа дека овие членови на стручната комисија ќе реагираат и нема да дозволат ваква содржина да биде објавена. За жал, тоа не се случи“ вели Каевски.

Каевски, кој е потпишан како уредник на збирката вели дека немал увид во содржината на песните. Тој најави истрага која треба да утврди чија е вината за направениот пропуст.

Но, приказната не завршува овде. По бурата реакции во јавноста, се огласи и студентот по фармација, Даниел Пиљаковски кој се води како автор на спорните песни, со тврдење дека тие не се негови, туку неговиот идентитет „го позајмил“ професорот по математика кој му бил ментор.

НОВА контактираше и со Александар Блажевски, математичар кој има освоено три бронзени медали на Меѓународните Математички Олимпијади во Истанбул, Хонг Конг и во Торонто.

Тој потврдува дека е автор на песните и дека го искористил името на Даниел Пиљаковски, бидејќи  не ги исполнувал условите на конкурсот.

„Во конкурсот се бараа два услови, едниот да се нема објавена збирка поезија (што го исполнував), а вториот беше за млади лица до 29 години, а јас се чувствував дискриминиран на моите 41 години, се чувствував замолчен од издавачите кои не покажале интерес за моето творештво“, вели Блажевски за НОВА.

Тој не очекува да има пријава против него за користење на туѓ идентитет и смета дека може да се спореди со Жорж Санд.

„Користењето на псевдоним (или туѓо име) не е нешто ново во литературата, најинтересен пример е француската новелистка Жорж Санд која пред 170 години користела машко име Жорж, во време кога жените не биле прифатени како автори. Од македонските примери најпознат е Рацин. Во науката е најпознат пример кога Алберт Ајнштајн објавувал научни трудови кои ги напишала неговата сопруга Милева“ смета Блажевски.

Блажевски вели дека во неговите песни нема говор на омраза и дискриминација и затоа биле одобрени. Според него членот 7 од Законот за клевета и навреда не се однесува на уметнички дела.

„Проблемите во нашето општество постојат и мора некој свиркач како мене да укажува на нив, па макар и преку поезија, наместо со пријавување на конкретни случаи до институции. Песните се напишани генерално, секој си ја има „мувата на капата“”, вели тој и додава дека многу бука се кренало без потреба.
 Поради песните на Блажевски „Партиски вработена“ и „Моите соседи“, АМС одлучи да ја стопира дистрибуцијата на збирката.

 

АМС Блажевски говор на омраза Јанчовски каевски песни Пиљаковски шовинизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.