Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се повлече командантот на американските сили во Авганистан

0
By НОВА ТВ on July 12, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Главниот командант на американсите сили во Авганистан, генерал Остин Милер, денеска се повлече од позицијата како симболичен чин на 20-годишното присуство на Американците во земјата, јави Вашингтон пост. Ова е и најдолгиот вооружен конфликт во кој САД биле некогаш вовлечени. Повлекувањето отвори пат за подем на Талибанците кои се закануваат да ја урнат регуларната влада во Авганистан.

Официјално, американската воена мисија во Авганистан треба да заврши на 31 август. САД, сепак, не заминуваат целосно од земјата. Како што соопшти Кенет Мекензи, раководител на Централната команда која ги координира американските сили во жешките точки како Авганистан, Ирак и Сирија, „треба да се признае дека ова ќе се разликува многу од тоа што беше претходно“, изјавувајќи дека САД и понатаму ќе пружат помош на авганистанските сили за безбедност.

– Нема да го намалувам тоа, но ние ќе ги поддржуваме, изјави денеска Мекезни од Кабул на брифинг за новинарите.

Притоа, тој предупреди дека Талибанците најверојатно се со намера за „воено решение“ на конфликтот за кој САД правеа неуспешни обиди да го регулираат со помош на преговори меѓу Талибанците и владата на претседателот на Авганистан, Ашраф Гани.

Тој предупреди дека главните градови на провинциските центри се наоѓаат под закана, но дека авганистанските сили „се целосно решени на тврда борба“ за нив.

По заминувањето на Милер, поранешен припадник на специјалните сили „Делта“, Мекензи може да санкционира авио удари врз Талибанците до 31 август, а потоа тој ќе го посвети вниманието на контратерористички акции против „Ал Каеда“ и „Исламската држава“.

Како што истакна конгресменката Елиса Слоткин, демократка, многу законодавачи сакаат од Администрацијата на Бајден да добијат подетални одговори за тоа како САД ќе ги утврдуваат потенцијалните заговори од „Ал-Каеда“ по заминувањето од Авганистан.

Пентагон има направено план за транзиција по оставката на Милер, со што и понатаму ќе се укажува поддршка на авганистанските сили за безбедност, воглавно од надвор.  Тоа може да се прави од американската база во Катар, раководена од бригадниот генерал Кертис Базард, кој се фокусира на финансиска поддршка за авганистанските сили за безбедност, додека контра-адмиралот на воено-морската флота, Питер Васели, припадник на специјалните сили „морски Фоки“ со две ѕвезди, кој ќе раководи со новосоздадената единица од 650 војници кои ќе ја заштитуваат американската амбасада во Авганистан и аеродромот.

Авганистан Милер САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.