НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се повлекуваат лекови што често се користат кај нас поради тешки последици по здравјето

0
By Менче Атанасова Точи on August 1, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се повлекуваат од употреба сите лекови кои содржат циноксацин, флумеквин, налидикинска и пипемидинска киселина. Носителите на одобренија ги известуваат лекарите дека од пазарот ќе бидат повлечени овие лекови поради штетени дејства врз здравјето на луѓето. Иако, вакви известувања во соседните земји стигнаа и до граѓаните преку медиумите,  кај нас со оваа алармантна состојба не се запознаени сите лекари и лежерно ги препишуваат овие лекови на пациентите.

Се ограничуваат за примена сите кинолонски и флуорокинолонски антибиотици ( Ciprofloxacin, levofloxacin, ofloxacin, moxifloxacin и norfloxacin) за системска и инахлациска примена поради ризик од настанување, на како што сe вели во писмото„онеспособувачки, долготрајни и потенцијално иреверзибилни несакани дејства кои најчесто ги зафаќаат мусколоскелетниот и неврниот систем“.

Вакви препупредувања до матичните лекари со списоци од лекови кои не смеат повеќе да ги препишуваат или треба да ги ограничуваат кај пациентите бидејќи имаат штетено дејство врз здравјето, носителите на одобренија, односно увозниците ги испраќаат во соработка Агенцијата за лекови (МАЛМЕД).

Во писмото до кое дојде НОВА, се гледа дека матичните лекари биле известени дека одредени лекови се повлекуваат од употреба  бидејќи во ЕУ е извршено преиспитување на користа и на ризиците на сите кинолонски и флуорокинолонски антибиотици. Во писмото детално е објаснето зошто не смеат да ги препишуваат овие лекови, за кои дијагнози особено не смеат да ги даваат и во кои случаи да внимаваат и да има ограничувања.

Понатаму пратени се листи со имињата на сите лекови и нивните производители, како и формата и нивната јачина. Станува збор за неколку големи списоци од лекови каде детално е опшано за кои лекови и од кои прозводители се работи.

НОВА нема да ги објави овие списоци, иако ги поседува, бидејќи тоа треба да го сторат надлежните и одговорните за оваа проблематика. Она што е особено застрашувачко, што овие предупредувања не стигнале до сите матични лекари, а прашање е и дали сите специјалисти се известени за тоа бидејќи ваквите лекови најчесто се даваат по нивна препорака.

„Не сум добила никакво известување, првпат слушам за тоа и ги препишувам овие лекови“, рече матична лекарка која ја контактираше НОВА, за да се увериме дали преупредувањето стигнало кај сите лекари. Со ист одговор беа уште неколку лекари со кои разговаравме.

Пациенти пак, кои случајно биле сведоци на ваквите известувања велат дека лекарите панично ги криеле  овие известувања од нив.

Во Здружението на приватните лекари велат дека во неколку наврати добиле вакви писма, но не стигнале кај сите лекари.

„Јас добив неколку вакви писма и знам за кои лекови станува збор. Но, сега ние сме толку многу ограничени со лекови бидејќи замена за нив. Се прашувам со што ќе лекуваме сега уринарна инфекција, на пример“, вели за НОВА, Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.

Таа вели дека во иднина овие информации ќе ги објавуваат на веб страната на Здружението.

Пациентите, а со нив се согласуваат и лекарите велат дека вакви предупредувања треба да се објавуваат јавно за информацијата да стигне до сите, а не само на веб страната на МАЛМЕД каде што и да се пребарува тешко може да се дојде до информацијата.

Инаку, забраната или ограничувањето  на лекови поради ургентни, оправдани причини( штетено дејство врз здравјето на пациентите) е погубно во ситуација кога на позитивната листа не се внесуваат нови лекови. Лекарите немаат избор на лекови и не знаат што да препишуваат, а пациентите во таква ситуација остануваат без третман за болеста.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.