Published: Tuesday, June 9, 2015 11:06
Поради сообраќајна незгода на патниот правец Куманово – Скопје, кај Агино село, сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси е во прекин. Во дописот кој стигна до НОВА, граѓанин вели колона на возила имало до Табановце.
Се превртел шлепер со бугарски регистарски таблици со кој управувал грчки државјанин кој е полесно повреден и се наоѓа во кумановската болница.




