Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се продаваат становите во една од зградите кои беа дел од „ФИКОМ“

0
By Нова ТВ on April 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 7, 2016 11:59

Откако цели осум години стоеше недовршена, зградата „Филип“, еден од објектите поврзани со градежната афера „ФИКОМ“ е купена од фирмата „Дан-Мак“ која ја доизгради и сега ги продава становите. Граѓаните кои преку „ФИКОМ“ дадоа пари да си купат станови во оваа зграда, останаа без пари и без станови.

„Нашите станови се продаваат“. Вака дел од оштетените граѓани во аферата „ФИКОМ“ кои речиси цела деценија бараат правда по македонските судови го опишуваат најновиот расплет поврзан со еден од објектите кои беа дел од аферата.

„Според судовите за нас зградата не постои, но за Еуростандард Банка и новата фирма постои“, вели Драгица Петрушевска, една од граѓаните која уплатила речиси 40 илјади евра за да купи стан во истата зграда.

„Револтирани сме на судот бидејќи ни ја зема зградата со образложение дека таа правно не постои. Ние најдовме судски вештак кој докажува дека таму има зграда чии инвеститори сме ние. И сега фирмата „Дан-Мак“ ги продава нашите станови. Ние бараме да не обесштетат со парите, а никој не не контактирал за ништо“, вели Петрушевска за НОВА.

Зградата „Филип“ која се наоѓа кај поранешната фабрика „Треска“, сега е реновирана и изгледа како штотуку изградена нова зграда. На едната страна од зградата со големи букви се испишани зборовите „Дан-Мак Изградба Инжинеринг“, додека на другата стои платно со оглас за продажба на станови и локали.

Според Централниот регистар, фирмата Изградба Инженеринг Дан-Мак ДООЕЛ има данско потекло и нејзин сопственик е Даниел Норнилд од Данска, додека управител е Енида Норнилд.

Осум години додека се чекаше правна разврска за случајот „Фиком“, зградата „Филип“ стоеше недоизградена.
Осум години додека се чекаше правна разврска за случајот „Фиком“, зградата „Филип“ стоеше недоизградена.

„Нас судот кога не одби ни кажа дека не постои објектот. Значи не убедуваат дека не постои објектот кој е изграден со наши пари и сега се продаваат становите. Како може во непостоечки објект да се продаваат становите?“, прашува Лена Аврамовска, која исто така во „ФИКОМ“ уплатила 15 илјади евра како една рата за стан во зградата.

Револтираните граѓани кои се оштетени во аферата „ФИКОМ“ најавуваат протест пред зградата за оваа сабота во 11 часот.

Адвокатот на фирмата „Дан-Мак“, Дејан Павловски за НОВА потврди дека оваа градежна компанија ја купила зградата од Еуростандард Банка. Сопственикот на „Фиком“, Никола Николиќ, ја дал идната градба под хипотека на банката.

Според него, на граѓаните никој не може да им го одземе правото на протест, но како што вели, „тие треба да протестираат пред институција или пак пред одредена банка на пример, или пак кај стечајниот управител“.

„Таа зграда е изградена со пари на Еуростандард Банка со кредит како идна недвижнина и со тие пари е изградена таа недвижност. Во стечајната постапка за „ФИКОМ“, банката го извлече тој имот како разлачно право, и имотот се продаваше пред извршител. Во извршната постапка „Дан-Мак“ го купи објектот и го догради по што сега се продаваат становите. Оштетените граѓани треба да се тужат со банката и тие граѓани треба добро да го распрашаат стечајниот управител на „ФИКОМ“ за нивниот случај. Банката докажала дека зградата е нивна“, вели Павловски за НОВА.

Станарите на „Филип“ сметаат дека Еуростандард банка нема право на сопственост на објектот и тие од Судскиот совет на Македонија бараа поништување на договорите за хипотека склучени помеѓу „Еуростандард банка“ и сопствениците на парцелата каде што е изграден објектот.

Од Катастарот за недвижности за НОВА велат дека кај нив воопшто не е запишана зградата и нема доставено барање за запишување на станови. На нашето прашање како се продаваат становите доколку објектот не е заведен во катастарот, оттаму велат дека немаат информации како се продаваат становите.

„Самата зграда не е запишана во катастарот, но земјиштето го има. Досега кај нас нема поднесено барање за запишување или купопродажба“, велат од Катастарот за недвижности.

Прашања за тоа дали на граѓаните кои платиле за станови во оваа зграда, треба да им биде признаено правото на сопственост и дали ќе добијат некакво обсештетување, беа испратени и до Еуростандард Банка, но до објавувањето на текстот не добивме одговор.

Никола Николиќ, директорот на „ФИКОМ“, минатиот март беше пронајден обесен во затворот во Штип, каде отслужуваше затворска казна. Неговото семејство преку медиумите изрази сомневања дека не се работи за самоубиство. Аферата „Фиком“ според неофицијални проценки тежеше над 12 милиони евра и оштети стотици семејства кои останаа без платените станови.

Повеќе детали за историјата на аферата „Фиком“ и оштетените граѓани може да се прочитаат во сторијата на следниот линк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.