Триесет и девет жртви има по пад на патнички авион во близина на меѓународниот аеродром Трибхуван во Непал, Катманду.
Како што пренесуваат агенциите од светот, според првичните информации, авионот при слетувањето се урнал во близина на пистата, а по падот се запалил.
Се работи за патнички авион на бангладешката компанија „УС-Бангла“, а портпаролот, Нат Такур, изјавил дека во несреќата има и жртви.
„Во авионот најдовме безживотни тела на 31 патник“, изјавил тој, додавајќи дека уште осуммина починале откако претходно биле евакуирани од авионот и пренесени во болница.
Според информациите на Би-Би-Си, во авионот имало 67 луѓе, додека локалната веб-страница на MyRepublica објавила дека во него имало вкупно 78 патници.
На местото на настанот веднаш дошле пожарникарски екипи кои се обиделе да го изгаснат пожарот што избувнал по падот.
Како што јавуваат локалните медиуми, сите летови на Трибхуван се откажани.