Тешка обраќајна незгода во која двајца сопружници се борат за живот се случила кај штипско Кадрифаково.
Имено, од засега непознати причини се судрил автомобилот со воз на пругата во близина на Кадрифаково.
Жената е во потешка здравствена состојба. Според информации на надлежните таа е пренесена на Скопските клиники, има скршеници на градниот кош и сомнеж за внатрешно крварење, а сопругот се наоѓа во Штипската болница и кај него се забележани скршеници на нозете.
Сопружницте биле од село Ерџелија а истрагата допрва ќе покаќе како се случила незгодата.
Возачите кои често минуваат по овој дел од земјава велат дека нема соодветна сигнализација
која ќе ги предупредува возачите.
Пред нецела година, се судрија воз и автобус кај Лозово и тогаш беа повредени над 30 лица.




