Исчезнат е младиот Николче Николовски, а неговите пријатели бараат помош. Тие во фејсбук статус апелираат доколку граѓаните го видат или имаат било каква информација да ги контактираат на нивниот профил.
„Луѓе наши, ве молиме сите за помош, нашето другарче Николче Николовски, го нема од вчера попладне. Излезе од дома околу 15:00 часот на 13ти мај – ПЕТОКОТ, последно е виден кај бензиската пумпа Мак Петрол – кај Транскоп, движејќи се со Форд Фиеста со регистрација BТ 852 . Ве молиме ако некој видел или види нешто, што и да е, исконтактирајте, раширете, јавете се во било кое време 070360520. Фиестата е како оваа на сликата, само префарбана во сива металик, алармираат неговите пријатели.