Се укинуваат двата контролни тестови за лицата што се позитивни на Ковид-19. Асимптоматските случаи по 10 поминати во изолација нема да мора да прават контролни тестови и може да излезат од изолација, а заболните кои имаат симптоми од изолација излегуваат по 20 дена, без два контролни тестови, информира министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.

Тој потенцира дека одлуката била донесена по опсежните истражувања во МАНУ и на СЗО во изминатите шест месеци.

„Овој нов протокол се темели на опсежни анализи на МАНУ, препораките на СЗО и на Европскиот центар за превенција на болестите. МАНУ анализира повеќе од 10 илјади тестирања.

Утврдено е дека кај пациенти позитивни на Ковид-19, независно од резултатот на контролното тестирање, не е присутен вирус што е доволно силен за да може да предизвика зараза, по 10 дена кај асимптоматските, а по 20 дена кај оние што имаат симптоми. Оттаму, по овој период, пациентите ќе бидат ослободени од изолација, без контролни тестирања“, изјави министерот Филипче.

Тој најави дека оваа одлука ќе стапи на сила од петок, најдоцна сабота кога ќе почне нормално да функционира Мој термин.