Се урна борбен ловец на Хрватската војска МИГ-21 на подрачјето на Велика Горица, пилотот Станко Хржењак скокнал од авионот и преживеал. Несреќата се случила во 14.47 часот.
Пожарникари потврдиле дека добиле повик дека кај Ломнице се срушил воен авион. Веднаш е испратена екипа на терен. Иако повеќе детали не се познати, се знае дека пилотот на МИГ преживеал.
Авионот со ознаки 121 последен пат бил на ремонт пред 12 години во Романија.