Четири лица се повредени откако во Прага се урна пешачки мост на реката Влтава.
Пожарникарските и спасувачките служби соопштија дека двајца од четворица повредени се здобиле со сериозни повреди.
Мостот бил изграден во 1984 година преку реката Влтава во северниот дел на Прага, а бил 260 метри долг.
Чешките медиуми велат дека јавното претпријатие задолжено за одржување на мостовите во Прага предупредило дека 156 челични сајли се зарѓани.