За годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, на ѕидот од Музејот на Град Скопје ќе се врати пораката на Јосип Броз Тито посветена на разурнатиот град и на жртвите во 1963 година, најави вчера градоначалникот Kоце Трајановски во пресрет на одбележувањето на 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес.

Манифестацијата со која ќе им се оддаде почит на загинатите сограѓани и на земјите што помогнаа е именувана како „Скопје се сеќава“.

Пораката беше отстранета пред 12 години од страна на тогашниот директор на Музејот, со објаснување дека буквите ќе се заменат со нови, а ѕидот ќе се реконструира. Но, до денеска тоа не е направено.