Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се зголемува бројот на заболени од астма, потребна е биолошка терапија

0
By Нова ТВ on May 6, 2019 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на новодијагностицирани и амбулантски прегледани болни од астма е во пораст, но регистрирано е намалување на бројот на хоспитализирани пациенти. Лекарите велат дека на пациентите со тешка форма на астма им е неопходен посебен вид биолошка терапија, што се уште не е достапна и не е регистрирана во државава.

Во врска со подигнувањето на пропишаните лекови во аптеките, од Фондот за здравствено осигурување е побарано изземање на квотата за инхалаторните лекови, бидејќи пациентите трошат многу енергија и време барајќи го пропишаниот лек. Ова беше истакнато денеска на прес-конференција во Клиниката за пулмологија по повод одбележувањето на Светскиот ден на астмата.

Доктор Бисерка Ќаева Јовковска, која е претседател на Македонското здружение на лекари пулмолози, истакна дека комбинираната инхалаторна терапија е на позитивната листа на лекови и благодарение на таа терапија не е регистриран тежок случај со астма.

– Нашите напори ќе продолжат и натаму да издејствуваме и болните со тешка форма на астма да ја добијат терапијата. Има проблем со кој ние секодневно се соочуваме, а се однесува на подигнувањето на лековите во аптеките. Како Здружение се обративме до Фондот за здравствено осигурување во однос на иземање на квотата за инхалаторните лекови, бидејќи пациентите трошат многу енергија и време барајќи го препишаниот лек од нас, рече д-р Ќаева Јовковска и упати апел до надлежните пропишаниот лек пациентите да го добиваат навреме за да ја држат болеста под контрола.

Директорот на Клиниката, д-р Дејан Докиќ рече дека изминатата година амбулантски биле прегледани 1.450 пациенти, во 2017 година 1.403 пациенти, а во 2016 година 1.343 пациенти. Посочи дека има тренд на намалување на бројот на пациенти кои се хоспитализирани поради астма, што значи со полесни форми на болеста има поголем број пациенти, а заради добрата превенција има намалување на бројот на пациентите со тешка и сериозна болест кои бараат хоспитализација.

– Изминатата година биле хоспитализирани 260 пациенти, во 2017 година 279 пациенти, а во 2016 година 282 пациенти. Ова се должи на едукација на пациентите и објаснување како да ги земаат современите лекови кои главно се по пат на инхалации, додаде д-р Докиќ.

Доктор Горица Брешковска од Клиниката за пулмологија рече дека препорачуваат секој пациент со својот доктор да направи план, што ќе му овозможи да ги редуцира ризиците и да ги конторлира симптомит

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.