Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се зголемува капитацијата на матичните лекари-општи, гинеколози и стоматолози

0
By Нова ТВ on October 30, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 30, 2019 14:44

Матичните лекари  -општи, гинеколози и стоматолози ќе добијат зголемување на капитациониот бод за 8 денари или 15 проценти. За оваа цел од Буџетот се обезбедени 465 милиони денари, соопштија на прес конференција двајцата директори на ФЗОМ, Ден Дончев и Орхан Рамадани, министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев.

За сметка на тоа лекарите од примарното здравство ќе го понесат товарот на превентивата(карцином на дојка, прекумерна тежина на децата), ќе ги следат и ќе препишуваат терапија на хроничните болни, ( пример, менталните болести, бронхијална астма), што досега не можеа да го прават.

„Со ова матичните лекари ќе можат да пружат подобри услуги, ќе се избегне праќањето на во секундарно и терцијално здравство, а се поттикнува превентивната заштита’, рече Дончев на денешната прес конференција во Владата.

За 15 проценти зголемени се и средствата за надоместок на специјалистичките ординации . За оваа цел се обезбедени 62 милиони денари годишно. Од 1. ноември од 16 на 18 проценти се зголемува надоместокот за одредени лекови, а 180 денари по рецепт за скапите лекови.

Министерот Филипче рече дека ова е дел од реформата за дијагностичко сродни групи започната минатата година, која се базира на словенечкиот модел.  Филипче не смета дека префрлајќи го товарот на матичните лекари за специјалистички области може да дојде лекарски грешки.

„Тие ќе се ориентираат на превентивата повеќе, а ќе го следат она што го препорачал специјалистот. Матичните лекари ќе можат да препишуваат лекови кои досега не можеа да ги препишат без дозвола од специјалист“, рече министерот Филипче.

Се зголемува и надоместокот на приватните специјалисти стоматолози  кои имаат договор  со ФЗОМ ќе добијат исто така зголемување. Специјалистите по протетика и  рална хирургија наместо 90 000 денари ќе добиваат 103 000 денари или 15 проценти зголемување. Надоместокото на стоматолозите ортодонти од 97 000 денари се зголемува на 111 000 денари или тоа е 15 проценти зголемување.

„Тоа значи дека овие специјалисти ќе имаат можност за поширок спектар на услуги или да го зголемат бројот на интервенции.  Има зголемување за сите останати дејности на специјалисти кои имаат договор со ФЗОМ и тоа зголемување изнесува исто така 15 проценти. Нашата цел е да се подобри нивото на примарната здравствена заштита за 2020 година, како и квалитетот на услугите. Со тоа повеќе лекари ќе останат во државата, а граѓаните ќе бидат позадоволни од квалитетот на услугите“, рече премиерот Заев.

Според премиерот, оваа стимулација со повисока вредност на капитацијата ќе мотивира поголем број лекари од општа пракса да специјализираат семејна медицина, а проширувањето на поголем број услуги од страна на медицинските сестри ќе поттикне вработување на трет или четврти член во тимовите на матичните лекари.

Во врска со укинувањето на квотите за лекови од 1 октомври, рече дека овој месец граѓаните можеа да се уверат, има достапни лекови во текот на целиот месец.

“Сега има достапни лекови цел месец, нема редици во првите денови,нема паника и страв дека пациентите ќе останат без лекови“, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.