Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седиштето на ВМРО – ДПМНЕ ќе стане трговски комплекс

0
By Нова ТВ on April 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 23, 2013 17:04

Осумкатница висока 29 метри ќе никне на местото на сегашното седиште на главниот штаб на ВМРО – ДПМНЕ.

Во трговскиот центар 20 проценти се предвидени за продавници и мали деловни простории. Потоа за големите трговски единици се отстапени 30 проценти од просторот. За хотелот 15 проценти. Државни институции 10 проценти, а за фитнес клубови цели 40 проценти колку што е испланирано и за културна дејност. Сето ова е наведено во јавниот повик кој што ВМРО-ДПМНЕ денеска го испрати до медиумите, а бил објавен во четири дневни весници во периодот од 10.07 до 11.07 2012 година.

Не се знае кој е инвеститорот што ќе гради на просторот на земјиштето кое е во сопственост на ВМРО – ДПМНЕ. Се знае само дека приватниот инвеститор ќе мора да отстапи 30 проценти од просторот за потребите на партијата, а останатиот простор ќе го користи за свои комерцијални потреби.

Во соопштението од Центарот за комуникации велат дека се е во согласност со деталниот урбанистички план „Мал ринг“. Нема објаснување кои се фирмите кои конкурирале на јавниот повик, ниту пак кој е инвеститорот што ќе гради осумкатница во центарот на градот на местото на седиштето на партијата.

Вниманието на јавноста денеска беше свртено кон објектот на ВМРО-ДПМНЕ од каде што се вадеа прозорците, а од таму веќе е изнесен и инветарот. Вчера доцна попладне беа исечени и околните дрвја. Портпаролот на градоначалникот Коце Трајовски, Неделчо Крстевски, за НОВА изјави дека јавното претпријатие Паркови и зеленило има уредно решение за сечење на дрвјата издадено од општина Центар, во кое стои дека на овој простор ќе се гради нов објект.

Не се знае ниту во кој стил ќе биде изграден новиот трговски комплекс каде ќе биде сместено и седиштето на партијата. Во февруари лани, „Утрински весник“ објави дека не е исклучена можноста покривот на новата зграда на партијата да го красат скулптури.
Повикувајќи се тогаш на последната верзија на урбанистичкиот план весникот објави дека на партијата и’ било дозволено налик на идеите за покривите на зградите на плоштадот да постави содржини за украсување на врвот од зградата.

Експерте кои ги консултираше НОВА велат дека се брза да се започне со градежните работи на оваа парцела, пред официјално да започне со работа новата локалната власт во општина Центар која е надлежна за деталниот Урбанистички план. Дали се точни нивните констатации ќе се види наскоро.

Инаку, за утре е закажана конститутутивна седница на новиот совет на општина Центар со која извесно е дека ќе претседава Андреј Жерновски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.