Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седница на Уставен суд-пет иницијативи и еден предлог за одлучување

0
By Ivana on February 9, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 9, 2022 08:33

Уставниот суд денеска ќе ја одржи четвртата седница за 2022 година на која на дневен ред се пет иницијативи и еден предлог за одлучување.

Пред уставните судии ќе се најде иницијатива поднесена од политичката партија ВМРО–ДПМНЕ и м-р Стојанче Геровски – адвокат од Скопје, а се однесува на член 30 став 2 точка 9 од Законот за енергетика и член 119 став 1 точка 9 од Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија.  Според наводите во иницијативата, оспорениот член 30 став 2 точка 9 од Законот за енергетика со којшто подетално се утврдувале општите услови и начинот на снабдување, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на снабдувачот и потрошувачот на соодветен вид енергија и операторот и членот 119 од Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија којшто се однесува на исклучувањето на корисникот на дистрибутивниот систем ако имал неплатени обврски кон ОДС, биле спротивни на член 8 алинеи 3, 6, 8 и 11, членот 9, член 51 став 1 и член 54 став 3 од Уставот.

Според подносителот, исклучувањето на струјата од страна на операторот насочено кон граѓаните како потрошувачи со своите семејства, било ислучиво цел на принуда и не постоела можност за контрадикторна постапка која би понудила еднаквост во средствата за заштита од истата. Овие одредби од Законот и подзаконскиот акт биле недозволени и ја штителе монополската положба на единствениот снабдувач на електрична енергија во Републиката.

На днавен ред на седницата е и иницијативата поднесена од Весна Спировска од Скопје, што се однесува на член 2 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.  Според подносителот на иницијативата, оспорената одредба од Законот за работните односи била спротивна на член 52 став 4 од Уставот, според кој законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните, од причина што, според него, оспорената одредба ќе се однесувала на Изјавите дадени во периодот после влегувањето во сила на овој Закон, односно после 14 јули 2021 година, па до 31 август 2021 година, и истата не би требало да се однесува на Изјавите дадени претходно.

Уставните судии ќе ја разгледаат и иницијативата на Унија на потрошувачи на Македонија – УПОМ, што се однесува на член 43 став 3 во делот: „или за гласање во советот“ од Законот за локалната самоуправа.  Според наводите во иницијативата, оспорениот дел од членот 43 став 3 од Законот за локалната самоуправа не бил во согласност со уставните принципи на владеење на правото (член 8 став 1 алинеја 3), начелото на еднаквост (член 9 став 2), начелото на уставност и законитост (член 51) и членот 115 од Уставот што се однесува на единиците на локалната самоуправа. Меѓу другото, во иницијативата се наведува дека во Уставот не било предвидено членовите на советот на локалната самоуправа да бидат исклучени од кривична одговорност и имунитет од притвор за нивното гласање во советот. Исто така, тој смета дека со тоа што членовите на советот со гласање во советот можеле да сторат грубо кршење и непочитување на Уставот и законите, а со тоа да нанесат разни повреди на правата на граѓаните и материјални штети санкционирани со Кривичниот законик како кривични дела, произлегувало дека неможело членовите на советот да бидат ставени над другите граѓани и пред Уставот, со нивно исклучување од кривична одговорност, како што предвидува оспорената законска одредба.

Четвртата иницијатива која ќе се разгледува на седницата е поднесена од професорот Јове Кекеновски од Скопје, а се однесува на член 80 став 1 алинеја 1 од Статутот на Економски факултет – Прилеп, член 88 став 1 алинеја 1 од Статутот на Правен факултет – Кичево, член 88 став 1 алинеја 1 од Статутот на педагошки факултет – Битола и член 75 став 1 алинеја 1 од Статутот на техничко-технолошки факултет – Велес. Подносителот на иницијативата наведува дека во оспорените членови на Статутите на горенаведените факултети е пропишано дека во надлежност на Деканатската управа е донесување на: Правилник за систематизација на работните места, Правилник за утврдување на плата, надоместоци на плата и други примања на вработените на посочените факултети, како и други акти со кои се определуваат надоместоци за извршување на активности во врска со работењето на факултетот, што не било во согласност со членовите 21 и 94 од Законот за високо образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018) и со одредби од Статутот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола.

Уставните судии ќе ја разгледуваат и иницијативата на политичката партија Левица-Скопје, што се однесува на  член 5 став 3 и член 13 став 2 од Правилникот за внатрешниот ред на Собранието на Република Македонија, бр.01-3937/1 од 17 септември 2008 год. Според подносителот на иницијативата оспорените одредби од Правилникот биле спротивни на: членовите 1 и 2, член 8 став 1 алинеја 3, членовите 51 и 61, член 62 ставови 2 и 3 и член 66 став 1 од Уставот; потоа на одредби од Законот за пратениците; одредби од Законот за Собранието на Република Македонија; како и на член 36 став 2 и членот 35 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. Одредбите се оспоруваат од причина што со нив се негирал или намалувал народниот/граѓански/демократски суверенитет што значело и повреда на уставниот поредок и директна суспензија на темелните вредности на кои се заснован Уставот. Поради наведеното се предлага, еклатантно, противуставните и незаконити одредби да биле касирани како инкомпатибилни со нашиот демократски уставен поредок.

Предлог за одлучување, што ќе се разгледува на седницата, е по предметот У.бр.36/2021 со нацрт-одлука. Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод иницијатива поднесена од Невена Георгиевска од Скопје, со Решение У.бр.36/2021 од 24 ноември 2021 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на Урбанистичкиот план вон населено место Ски центар Водно–Блок 3, Општина Карпош, број 08-1483/4 од 20.02.2015 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3/2015), затоа што основано се постави прашањето за нејзината согласност со член 8 став 1 алинеи 3 и 10, членот 43 и членот 51 од Уставот на Република Северна Македонија, со членот 28 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и со членот 65 од Законот за животна средина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.