На денешен ден пред 7 години најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа близу Нова Градишка во Хрватска. Тој беше единствениот кој загина во џипот кој го управуваше неговиот другар а во кој беше и неговата менаџерка Љиља Петровиќ.
Тоше музичката кариера ја започна во 1997 година, кога на прилепскиот фестивал Мелфест ја изведе познатата песна од Битлси „Yesterday“, а потоа следат „Усни на усни“ и „Сонце во твоите руси коси“, во соработка со композиторот Григор Копров.
Со цел да го подобри своето пеење, Тоше присуствуваше на часови кај маестро Вилијам Рајли во Њуjорк кој во својата кариера е учител и на Лучијано Павароти.