Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седум граѓани се вратија во Македонија од Полска- со согласност за карантин

0
By Биљана Секуловска on March 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на неговиот Фејсбук профил објави вест дека “oд вкупно 3o пријавени, 7 граѓани се согласија да бидат во задолжителен карантин и денес се вратија”.

-Ја информирам јавноста дека денес во утринските часови на Меѓународниот аеродром Скопје слета полски хуманитарен чартер лет за да си ги врати дома полските државјани затечени во Северна Македонија. Во соработка со полското МНР, понудивме враќање во земјата на македонските државјани во Полска кои побарале помош преку нашата Амбасада во Варшава.

Од вкупно 3o пријавени, 7 граѓани се согласија да бидат во задолжителен карантин и денес се вратија. Добредојдовте дома! Благодарност до Полска!”- напиша Димитров на Фејсбук.

Освен тоа, сите македонски државјани кои се заглавени во меѓугранични простори или аеродроми, а сакаат да се вратат во земјава, да се пријават во најблиското државно конзуларно претставништво (ДКП) до денеска во 18 часот. Тоа ќе може да направат на е-маил адреси и телефоните на македонските ДКП во земјите во кои се наоѓаат или во најблиското ДКП во соседна земја или во регионот. Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт најавија организирање на хуманитарни летови и конвои по што ќе треба да минат 15 дена во задолжителен државен карантин.

Како што соопшти вчера министерот за надворешни работи, Никола Димиров, моментно има околу 2.300 македонски државјани од кои најмногу затечени во европските земји. Според него, пријавувањето е важно за да се има прецизна евиденција и податоци и само на тој начин ќе може веднаш да почне со организирација на летовите и конвоите.

„Сите кои се немаат пријавено, а сакаат да се вратат во земјава, да го сторат тоа до недела во 18 часот, бидејќи ова нема да биде процес што ќе се одвива континуирано. Се работи за големи трошоци, голема организација, државата нема да може редовно да врши организација на вакви хуманитарни конвои“, истакна Димитров и уште еднаш порача дека сега не е време за патување во странство.

Министерот најави и дека во наредните денови ќе биде организиран хуманитарен конвој од Црна Гора каде има околу 70 наши граѓани. И тие ако дојдат во земјава ќе бидат ставени во задолжителен карантин. Трошоците ќе бидат на товар на државата.

Се контактираат и сите земји од Шенген зоната – доколку некои граѓани, поради актуелната состојба со коронавирусот, го пробијат рокот за максимум престој од 90 дена да не сносат правни последици.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.