Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седум системски грешки, причина за несреќата со Кингерот

3
By Нова ТВ on December 27, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седум системски грешки се причина за несреќата во која загина македонски претседател Борис Трајковски и другите членови на делегацијата и екипажот. Во извештајот кој беше презентиран денеска меѓу другото се вели дека тоа се грешки поврзани со недоволната обученост на пилотите да управуваат со авионот во лоши временски услови какви што биле утрото кога македонската делегација требаше да слета во Мостар.

– Седум грешки една по друга направил екипажот при летањето. Полеталe пред седум часот од Скопје без да ги знаaт временските услови во Мостар, не направиле подготовка за слетување, ги занемариле информациите на контолорот дека облаците се ниски, при губење на навигацијата не го прекинале приодот туку го продолжиле, исклучувањето на автопилотот, почнале порано да ја намалуваат висината, како и тоа дека пилотот не ја одржувал пропишаната минимална висина бидејќи немал доволна обука за да го прави тоа, рече Омер Кулиќ, презентирајќи го извештајот за причините за несреќата.

Тој додаде дека авионот се спуштил и под минималната дозволена висина, а требало да се пренасочи авионот и да слета на некој друг аеродром, во Дубровник или Сараево.

– Облачноста била на такво ниво што било невозможно пилотите да го видат аеродромот, а тоа го потврдува и откажувањето на летовите на претседателите на Србија и Хрватска кои требало да слетаат на истото место – рече претседателот на меѓународниот истражен тим, кој ги испитуваше причините поради кои владиниот „Кингер“ се урна на 26 февруари 2004 година во близината на Мостар, при при што загинаа уште девет лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.