Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седум судии се збогуваа со судиските тоги, петмина поради несовесно работење

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 31, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седум судии се разрешени во минатата година, од кои петмина поради несовесно и нестручно вршење на судиската функција, а двајца сториле потешка дисциплинска повреда, информира Павлина Црвенковска, претседателка на Судскиот совет.

Во текот на 2021 биле поднесени 90 барања за утврдување одговорност за судија или претседател на суд, односно се барало да се утврди одговорност за 142 судии, а судскиот совет постапувал по 699 преставки.

Црвенковска рече дека пред неколку седници имало дисциплински мерки за еден судија и за еден претседател кои се казнети со намалување на платите во рок од шест месеци. Претседателката на Судскиот совет не го откри идентитетот на разрешените судии.

Судовите во јануари 2021 година останале со нерешени 99.954 предмети, примиле во работа нови 564.899 предмети, имале вкупно во работа 664.493 предмети. Од овој фонд на предмети решени се 567.155 предмети, а останале нерешени 97.338 предмети. Според наведените податоци, судовите во 2021 година успеале да го совладаат приливот на предмети и го намалиле за 2.256 предмети.

Во текот на 2021 година за функционирањето на Судскиот совет се потрошени  42,5 милиони денари. Во претходната 2020 година биле потрошени 40,5 милиони денари, од кои 99 посто е реализација на судскиот буџет, 80 отсто биле пари за плати и за надоместоци, за стоки и услуги 14,03 отсто, и за капитални инвестиции 3,58

Претседателката на Судскиот совет зборуваше и за методологијата за квалитативно оценување која е целосно нов концепт за оценување на судиите и претседателите на судовите.

– Методологијата е веќе инсталирана во АКМИС системот и започнато е со нејзина примена. Судскиот совет пред два дена на седнца ја избра Комисијата за рангирање на кандидати и донесе и правилник по кој ќе се врши оценувањето, објасни Црвенковска.

Таа смета дека секој судија ќе биде реално оценет и согласно неговите оцени ќе напредува во кариерата, а доколку за еден судија две последователни оценки се негативни тогаш тој треба да биде разрешен.

– Методологијата со индикатори за сложеност на предметите не е се уште имплементирана во АКМИС системот, правиме напори со невладиниот сектор, со компанијата задолжена за АКМИС системот да ја имплементираме. Со оваа методологија ќе се утврдува сложеноста на предметите, однапред утврдената сложеност во моментот кога судијата ќе го прими предметот, тоа ќе значи посоодветна распределба бидејќи ќе влијае директно на нормата која штио треба да ја сработи секој судија месечно и доколку има посложени предмети тогаш автоматски нормата ќе му биде намалена, додаде Црвенковска.

С.М.

 

 

Павлина Црвенковска Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.