ајмалку 17 луѓе загинаа во денешните израелски напади врз Појасот Газа, соопштија локалните болници.
Дванаесет лица се убиени во нападот врз градот Заваида во централниот дел на Газа. Помеѓу жртвите има осум деца, соопшти болницата Ал Акса од блискиот град Деир ал Балах.
Во воздушниот напад погоден е и шатор во Деир ал Балах при што загина едно девојче, а седуммина се повредени.
Додека во нападот врз градот Кан Јунис погодена е станбена зграда при што загинаа четири лица.