Лекарите и здравствените работници мора да се чуствуваат безбедно на своите работни места, исто како и сите останати работници, напиша на својот фејсбук профил Министерот за здравство, Венко Филипче.
– Во изминатот период имаше повеќе напади на наши колеги што внесува немир и несигурност кај здравствените работници. Со измените во Кривичниот закон, го подигаме нивото на безбедност и секој напад врз нив ќе се третира како напад врз службено лице, истакна ресорниот министер.
Филипче потенцира дека само така ќе можат целосно да се вложат во пружање на здравствена услуга за доброто на пациентите.