Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секој трет тестиран е позитивен на ковид-19, активни се 20.856 случаи, најмногу во Скопје, Битола и Прилеп

0
By НОВА ТВ Balaban on January 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И регионот бележи пораст на позитивни случаи на вирусот. Во Србија вчера се регистрирани 19.901 нов случај, што е рекорден број на заболени за еден ден во државата од почетокот на пандемијата, а се зголемува и бројот на хоспитализирани случаи.

Нови 2341 случај на коронавирусот се регистрирани во претходното деноноќие што е речиси 38 отсто од вкупно тестираните 6.193 лица. Во моментов активни се 20.856 случаи на ковид-19, најмногу во Скопје – 11.390, потоа во Битола – 1613 и Прилеп – 754. Најмал број активни случаи се забележани во Дебар – 22 и Дојран – 14.

Од Министерството за здравство во изјава за МИА информираа дека на инфективните одделенија и во ковид – центрите во државава се хоспитализирани вкупно 576 пациенти со КОВИД-19 и има 183 слободни кревети. Во ковид – центрите во Скопје вкупно се хоспитализирани 174 пациенти од кои 71 на Клиниката за инфективни болести, 75 во ГОБ „8 Септември” и 28 на Клиниката за белодробни заболувања ТБЦ.

На последната седница на главниот координативен кризен штаб беше усвоена препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР-тест од десет на седум дена. Оваа препорака е донесена поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот. Кризниот штаб ја достави препораката до Владата и за неа треба да се дискутира на следната владина седница.

Од почетокот на вакцинацијата против коронавирусот во Северна Македонија, вкупно се вакцинирани 864.759 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека комплетно вакцинирани со две дози се вкупно 841.143 лица, а со трета доза се вакцинирани 122.752 лица.

И регионот бележи пораст на позитивни случаи на вирусот. Во Србија вчера се регистрирани 19.901 нов случај, што е рекорден број на заболени за еден ден во државата од почетокот на пандемијата, а се зголемува и бројот на хоспитализирани случаи.

Европската Унија од 1 февруари ги олеснува мерките за патување во земјите-членки, односно го олеснува слободното и безбедно движење. Мерките против ширењето на инфекцијата треба да се спроведат земајќи ја предвид здравствената состојба на поединецот, а не епидемиолошката состојба во регионот од кој доаѓа.

Исклучок се „темно црвените” области со високо ниво на циркулација на вирусот. Тоа значи дека клучна одредница за патувањето ќе биде дигиталниот ковид-сертификат на патникот, негативен тест или дека ја прележал болеста.

Од почетокот на пандемијата во земјава регистрирани се 259.328 позитивни лица на вирусот. Направени вкупно 1.755.926 тестирања на КОВИД-19. Оздравени се 230.206, а починати 8.266 лица.

вирусот Позитивни Секој трет случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.