Published: Monday, December 9, 2013 16:05
Во првите шест месеци годинава според Фондот за здравство најупотребувани лекови биле еналаприл и дијазепам. За еналаприл биле издадени над 800 000 рецепти, а за дијазепам околу 400 000.
Заклучокот на ФЗОМ е дека снабдувањето на осигурените лица со лекови на рецепт на товар на ФЗОМ во ПЗЗ во континуитет оди во нагорна линија, а доказ за тоа е постојаното зголемување на бројот на реализирани рецепти. Исто така, се забележува зголемување на вкупните износи потрошени за лекови на рецепт на товар на ФЗОМ кои бележат значаен пораст. Македонците потрошиле 17 милиони евра на лекови во првите шест месеци.




