Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секојдневие исполнето со предрасуди против децата со посебни потреби

0
By Нова ТВ on December 3, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новото истражување на УНИЦЕФ за знаењата, ставовите и практиките на јавноста кон децата со попреченост покажува дека е постигнат неверојатен напредок во отстранувањето на бариерите во ставовите кои ги спречуваат децата со попреченост да го заземат своето заслужено место во општеството.

Но, реалноста во Македонија се чини е поинаква.

Родителите на децата со посебни потреби или инвалидитет во земјава се соочуваат со многу предрасуди и неразбирање. Зоран Мијалков, кој пред извесно време во вирален твит ја опиша нетрпеливоста на случаен минувач кон неговиот син со аутизам, вели дека првата борба е со самиот себе, да го прифатиш самиот, да го прифати семејството и да го прифати друштвото.

-Поради проблемот мојата сопруга не може да работи. Сведени сме на една работа. Мора да биде дома со детето. Тоа многу делува на родителот што е дома, бидејќи да си дома со проблемот 24 часа е многу тешка работа. На другиот родител му е тешко затоа што сите други обврски се на него, вели Мијалков.

Како што објаснува, државава има закон за инклузија, но тоа е илузија, бидејќи децата со посебни потреби многу ретко се вклучени во редовно училиште и опциите за нив се или да седат дома или да ги посетуваат специјализираните центри, кои сепак немаат улога на рехабилитација.

-Овој проблем не сум се надевал дека ќе го имам. За жал, статистички гледано, во годините што следат, речиси секое семејство ќе го почувствува, бидејќи стапката на раст на деца со посебни потреби е страшна. Аутизмот почнал со едно од илјада или десет илјади деца, сега е едно на 34 во светски рамки, изјави Мијалков.

Целиот разговор со Мијалков на 1 ТВ погледнете го во видеото.

 

аутизам Мијалков попреченост
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.