Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ: Се менува пристапот кон лицата со попреченост

0
By Нова ТВ on December 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 3, 2018 12:44

Новото истражување на УНИЦЕФ за знаењата, ставовите и практиките на јавноста кон децата со попреченост покажува дека е постигнат неверојатен напредок во отстранувањето на бариерите во ставовите кои ги спречуваат децата со попреченост да го заземат своето заслужено место во општеството. Речиси сите анкетирани сега сметаат дека е прифатливо нивното дете да биде сосед, познајник, соученик и другар на деца со попреченост. Сѐ поголем број граѓани редовно комуницираат со деца со попреченост и сметаат дека тие треба да учат во редовните училишта, заедно со нивните врсници.

-Стигмата честопати постои поради сознанија изградени врз стереотипи. Немањето информации, заблудите, изолацијата и сегрегацијата ги одржуваат ваквите стереотипи – па најдобар начин за решавање на стигмата е да се прекинат стереотипите, вели Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Резултатите од истражувањето покажале дека кога на децата со попреченост ќе им се дадат можности да ги покажат своите способности, општеството може да  ја надмине стигмата која ги спречува децата со попречност да се вклучат и да учествуваат во општеството“.

Истражувањето направено годинава било споредувано со резултати од истражување спроведено на почетокот од 2014 година. Меѓу двете истражувања се реализирала кампањата „Биди фер, за детство без пречки“  која поттикнала дискусија за стигмата кон лицата со попреченост.

Резултатите покажале дека годинава 62 проценти потврдиле дека познаваат дете со попреченост и дека имаат почести контакти со него, за разлика од 2014 година кога 45 проценти се изјасниле дека познаваат вакво дете. Повеќе од 90 отсто сметаат дека е прифатливо нивното дете да биде сосед, познајник, соученик и другар на деца со попреченост, што не било случај во 2014 година, кога во просек 32 проценти сметале дека е прифатливо нивното дете да биде соученик на дете со попреченост.

-Јасно мнозинство – 86 проценти годинава во споредба со 58 проценти во 2014 година разбираат дека општеството и околината треба да се прилагодат за да одговорат на потребите на децата со попреченост – пристап втемелен во Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, дека многумина или 73 отсто  веруваат дека инклузивното образование им користи како на децата со попреченост, така и на децата без попреченост, така што придонесува за подобрување на социјалните вештини, толеранцијата и почитувањето на различностите, се вели во соопштението од УНИЦЕФ.

Нивното истражување покажало и дека постои шесткратно зголемување – од 4 проценти (2014) на  24 проценти (2018) – во бројот на луѓе кои веруваат дека најдобар пристап кон образованието на децата со попреченост е да одат во редовни училишта и да учествуваат во редовна настава заедно со своите врсници без попреченост, како и дека иако другите ја поддржуваат идејата децата со попреченост да одат во редовни училишта, 18 отсто сметаат дека тие треба да одат на посебни часови со врсниците; а 22 проценти сметаат дека треба да има одвоени паралелки. Бројот на лица кои веруваат дека децата со попреченост треба да посетуваат специјални училишта се намалил од 48 проценти (2014) на 31 процент (2018).

-Позитивните промени во знаењата, ставовите и практиките во општеството треба да бидат проследени со забрзано спроведување на политики и програми за претворање на инклузијата во реалност за десетици илјади деца и возрасни со попреченост во земјата, вели Перкс,  и додава дека е уведен оти дека ова ќе покрене демократски барања за поголема инклузија и дека ќе ја забрза имплементацијата на системските реформи кои се во тек, за да се обезбеди секое дете да ја добие поддршката што му треба да оди на училиште со своите врсници, да добие здравствени и социјални услуги, и за да се стави крај на исклучувањето, изолацијата и институционализацијата на децата со попреченост.

„Последователното истражување за знаењата, ставовите и практиките кон инклузијата на децата со попреченост“ било спроведено како дел од пошироката програма поддржана од УНИЦЕФ за унапредување на правата на децата со попреченост, исто така поддржано од регионалниот проект „Заштита на децата од насилство и промовирање социјална инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“ поддржан и финансиран од ЕУ и УНИЦЕФ.

лица со попреченост УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.