Иако е осуден од страна на Џулијан Асанж како „масовен пропаганден напад на Викиликс и карактерот на мојата личност“, но сепак првиот трејлер за филмот Петтата власт (Fifth Estate) сугерира непристрасен политички трилер кој стои на половина пат меѓу обвинението и пoфалби.
Филмот се подготвува за премиера во октомври во САД, тајминг кој сугерира дека се кандидира за оскарите во 2014 година. Се споредува со Социјална мрежа (The Social Network), друг омилен филм за награди од писателот на Западното крило (West Wing) за контроверзна фигура, со која Арон Соркин победи на Оскарите за најдобро сценарио. Филмот исто така ќе биде прикажан во Велика Британија оваа година, но се уште нема датум за премиера во родната Австралија на Асанж.
Инаку, терминот петта власт се користи за интернет медиумите, за разлика од четвртата власт- каде припаѓаат традиционалните медиуми (ТВ, радио, весници).