Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сексуалните работници бараат итно носење закон за регулација на сексуалната работа и декриминализација на истата

0
By Mirjana on December 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

17-ти декември е Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните
работници. По тој повод, ние, сексуалните работници, здружени во СТАР – Прв Колектив на сексуални работници на Балканот и нашите поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини, во рамки на овогодинешната кампања, ја известуваме јавноста за одржувањето на четиринаесетиот по ред Марш на црвените чадори.

Црвената е боја на убавината, а чадорот е глобален симбол на сексуалната работа кој ја симболизира заштитата од надворешни влијанија.

Маршот, традиционално ќе се одржи во Скопје на 17.12.2021 (петок), и ќе започне во 12 часот, од пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија и ќе заврши на плоштад „Филип II“. Пред започнување на маршот, сексуални работници ќе дадат изјави за медиумите.

Со овогодинешната кампања, повторно ќе ставиме акцент на потребата од
декриминализација на сексуалната работа како најдобра правна рамка за унапредување на човековите, работничките и здравствените права на сексуалните работници, како и итноста од донесување нова правна рамка за регулација на сексуалната работа во Република Северна Македонија.

Иницијативата за декриминализација на сексуалната работа е започната од страна на неформалната Платформа за декриминализација на сексуалната работа, која ја сочинуваат три организации, СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција МАРГИНИ. Во рамки на спомената Платформа доставивме предлог иницијатива до надлежните органи за измени на Кривичниот законик (Член 191) и Законот за прекршоци против јавен ред и мир (Член 19) по кои се казнуваат одредени активности поврзани со сексуалната работа.

Последователно како одговор кон доставената предлог иницијатива, од Министерството за правда како надлежен орган за измени на Кривичниот закон не информираа дека постапката за декриминализација на сексуалната работа треба да започне од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, кој е под надлежност на Министерството за внатрешни работи.
Во контекст на споменатото, ја известуваме јавноста и медиумите дека ние
сексуалните работници и нашите семејства, егзистенцијално зависиме од сексуалната работа која за многумина од нас претставува примарен извор на приходи. Со почетокот на кризата предизвикана од КОВИД-19, ние сексуалните работници како маргинализирана заедница се најдовме во особено тешка ситуација, погодени од економски, социјален и здравствен аспект. Во услови кога сексуалната работа не е правно регулирана и признаена како дејност, сексуалните работници не се во можност да ги користат економските мерки од државата, што пак влијае врз нивната општа благосостојба.

Сексуалната работа е препознаена како најстарата професија на светот, а државата одбива да го признае трудот на најстарите работници на светот. Затоа, сакаме да ја истакнеме потребата од итно донесување на соодветен модел за регулација за сексуалната работа во Република Северна Македонија, и да ги прашаме надлежните институции: ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА КОГА?

Бараме итна и неодложна декриминализација на сексуалната работа, како најдобар модел за регулација на сексуалната работа, која ќе ги воочи потребите на нас сексуалните работници, ќе ни овозможи заштита на нашите човекови и работнички права, ќе ни обезбеди безбедни услови за работа, ќе не заштити од насилство и злоупотреба, ќе го подобри пристапот до правда и здравствени услуги и ќе влијае позитивно на благостојбата и достоинството на нашата заедница.

Со вклучување на сексуалните работници во процесите за донесување на нова соодветна законска регулатива за сексуалната работа, ќе ја оттргне заедницата од работ на општествените маргини и ќе придонесе за препознавање на нивниот труд.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

17 декември марш црвени чадори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.