Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сексуално образование ќе се изучува во четири училишта во 8 и 9 одделение

0
By Менче Атанасова Точи on November 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четири училишта во државата ќе влезат во Пилот проектот со кој ќе се изучува Сеопфатно сексуално образование. Се уште не се знае кои училишта ќе влезат во програмата, но тоа ќе бидат училишта со мешан етнички состав и од различни средини

Четири училишта од рурална и урбана средина ќе влезат во Пилот проектот за Сеопфатно сексуално образование (ССО), чија реализација треба да започне во септември 2021.

Се уште не се знае кои училиштата ќе влезат во програмата, но секако тоа ќе бидат училишта со мешан етнички состав кои ќе ги избере Бирото за образование,  вели Бојан Јовановски извршен директор во ХЕРА-Асоцијација за здравствена едукација и истражувања.

„Наставниците ќе се пријавуваат по сопствена желба и мотив, тие што се помотивирани да го работат тоа без разлика кој предмет предаваат во училиштата и секако ќе треба да поминат низ соодветна обука. Пилот програмата е изборен предмет, а ние ќе бидеме вклучени со материјали. Можеме да дадеме поддршка но неможеме да го замениме системот“, вели Јовановски.

Пилот-програмата е резултат на двегодишната работа на работната група при Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Министерство за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за финансии и ХЕРА за идентификување на национални стратегии за подобрување на содржината на сексуалното образование во наставата.

Јованoвски вели дека сѐ уште не знаат како ќе се вика предметот за Сеопфатно сексуално образование (ССО), но се знае дека ќе го изучуваат учениците во осмо и деветто одделние. Предметот нема да се оценува, наставниците треба доброволно да се пријавуваат за обука и негово спроведување. Се предлага предметот да има вкупен фонд од 36 часа годишнo.

Токму истражувањето кое го направи ХЕРА во јули годинава покажува на големата потреба од воведување на Сеопфатно обрзаование во училиштата.

Истражувањето покажува дека исклучително висок процент од родителите, кој се движи меѓу 82% и 96%, се согласуваат младите да изучуваат теми кои се дел од сеопфатното сексуално образование. Најголема согласност (95%) постои за теми поврзана со Заштита од насилство врз жените, сексуалното насилство и насилството на социјалните мрежи,  услуги и медицинска помош при ризик од сексуално преносливи инфекции и ХИВ, заштита од несакана бременост, механизми за заштита на сексуални и репродуктивни права, промени во пубертетот.

Иако е со висок процент (82%), сепак најмала согласност од понудените теми родителите покажуваат за значењето и давање на согласност на партнерот/ката при влегување во сексуален однос, особено првиот.

Анкетата била спроведена на примерок од 800 родители/старатели. Согласно препораките на УНЕСКО, моделот на сеопфатно сексуално образование ги вклучува следниве теми кои треба да бидат изучувани во образовниот систем, а адаптирани на возраста и потребите на децата:  Род, врски и односи, тело и слика за своето тело,  сексуално и репродуктивно здравје,  сексуалност, насилство и граѓански аспекти.

„Истражувањето покажа дека нема значителни разлики во согласноста кај родителите на понудените теми од сеопфатното сексуално образование во однос на полот, возраста, средината на живеење или економскиот статус. Етничката припадност на родителите исто така нема значајно влијание за воведување на содржини за сексуално образование. Имено, кај родителите од македонска етничка припадност прифаќањето за изучување на сите теми од сексуалното образование се движи меѓу    90% – 97%, додека кај родителите Албанци меѓу 81% – 95%““, вели Бојан Јовановски од ХЕРА.

Согласно мерените ставови за сеопфатното сексуално образование, родителите сè уште во значителна мера (меѓу 34% – 36%), ги поддржуваат традиционалните улоги на мажите и жените во општеството, а за повеќе од половината (59%) хомосексуалноста сè уште не е општествено прифатлива. Ова укажува дека прашањата поврзани со различностите, сексуалната ориентација и родовата еднаквост, односно прашања кои се изучуваат во рамки на темите за Граѓански аспекти и Род треба да бидат прилагодени за возраста со цел градење на позитивни вредности во однос на сексуалните идентитети и еднаквоста на жените и мажите, но и намалување на стигмата и дискриминацијата кон одредени групи на граѓани во општеството.

„Ако некогаш требаше многу мака, сега сами ни звонат родителите и наставниците за прашања поврзани со Сеопфатното сексуално образование. Вкупно 1330 млади учеле за ССО во последните 3-4 години“, изјави Мери Цветковска од ХЕРА.

Владата на Седницата од 6 ноември донесе одлука да се отпочне со ССО во училиштата со реализација во 2021 година, откако претходно ќе бидат завршени сите планирани чекори: изработка на материјали за обука на наставниците, обука на наставниците и изработка и пилотирање на инструментите за евалуација на пилот програмата.

Од ХЕРА велат дека наодите од истражувањето и одлуката на Владата за пилотирање на програма за сексуално образование во основните училишта се само уште еден доказ за подготвеноста и на креаторите на политиките и на родителите за конечно воведување на сексуалното образование во наставата. Покрај изразената политичка волја од ХЕРА и препорачуваат на Владата во 2020 да одвои и буџетски средства со цел ефикасно спроведување на пилот програмата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.