Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Селмаергејт“ ја тресе Комисијата на Јункер

0
By Нова ТВ on April 4, 2018 СВЕТ
(Photo: junckerepp)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Аферата со Мартин Селмаер, 47-годишниот германскиот еврократ, речиси два месеца ги тресе бриселските ходници.

Назначувањето на 24 февруари на Германецот Мартин Селмаер на местото генерален секретар на Европската Комисија, највисоката административна позиција во европската извршна власт, предизвика гнев во многу европски кругови поради начинот на кој тоа беше сторено.

Обелоденета прво од страна на францускиот дописник Жан Катрмер во весникот Либерасион, аферата стигна и до Европскиот Парламент, каде неодамна беше сослушан еврокомесарот за административни прашања, Гинтер Етингер, како и до европскиот омбудсман каде се разгледуваат жалбите околу назначувањето на Мартин Селмаер и не се исклучени истраги во иднина.

Кој е Мартин Селмаер?

Овој германски правник својата кариера во европските институции ја започнува како портпарол, па шеф на кабинет, на тогашната комесарка за правда, Луксембуржанката Вивиан Рединг, за време на мандатот на претседателот Жозе Мануел Баросо.

Со започнувањето на кампањата за европски избори во 2014, Селмаер влегува во тимот на Луксембуржанецот Жан Клод Јункер, тогаш само кандидат за претседател на ЕК од редовите на Европската Народна Партија (ЕНП). Селмаер потоа му станува шеф на кабинет на Јункер кога тој е избран за претседател на ЕК.

Оценуван како „најмоќниот човек во Брисел“ од медиумите, но и од политичари на земји членки на ЕУ, Мартин Селмаер е фигура во сенка. Прекарите за него се „Распутин“, „Монструмот“ или „ѕверот од Берлемон“. Се говори дека неговите вработени од него имаат голем страв, и дека довел и многу искусни вработени до оставка.

Случајот Селмаер се проблематизира со неговото назначување на највисоката административна позиција – Генерален Секретар на Европската Комисија.

„Селмаергејт“

Веднаш по назначувањето на таа функција на 24 февруари годинава, францускиот новинар Катрмер, повикувајќи се на високи анонимни извори во ЕК, пишува во весникот „Либерасион“ дека ова е рамно на „удар“.

Според него, како и подоцна според други новинари и активисти кои го истражуваат случајот, Селмаер е назначен на нетранспарентен и политизиран начин.

За неговото работно место не бил објавен оглас, тој не бил интервјуиран, а неговото назначување било ставено на дневниот ред на другите 27 еврокомесари во последен момент, ставајќи ги пред свршен чин, раскажува новинарот.

Друга голема дамка во ова назначување е начинот на кој тоа се случило.

За разлика од други европски бирократи, Селмаер нема зад себе долга кариера во европските административни служби.

Во јануари тој аплицира за местото „заменик генерален секретар“ во ЕК. Буквално неколку минути потоа, Јункер одлучува да го назначи на позицијата генерален секретар и тој да го замени Александар Италијанер, кој е тогаш генсек.

Според Катрмер, Италијанер бил „турнат кон излезната врата“, а на местото заменик генсек Селмаер бил именуван само за да го добие потребниот ранг кој ќе му овозможи да ги исполнува формалните критериуми за Генерален Секретар. Генералниот секретар на ЕК е шеф на сите 33.000 вработени во европската машинерија и треба зад себе да има солидна административна кариера.

По ова назначување бриселските дописници, невладините организации, но и вработени во ЕК, се вчудоневидени.

Во преполната прес сала, на редовниот брифинг за новинари кој обично трае околу половина час, европските дописници повеќе од час и половина поставуваат прашања до портпаролите за ова назначување, но не добиваат ниту еден задоволителен одговор.

Европската Комисија е одлучна во своите одговор: ниедно правило не е прекршено.

Во соопштение издадено на 25 март, службите на ЕК тврдат дека назначувањето на Селмаер е во согласност со сите правила. “Селмаер ги следеше сите потребни процедури за заменик генерален секретар, а потоа беше трансфериран “во интерес на службата“ на генерален секретар на ЕК во согласност со правилата. „Тоа не подразбира процедура на селекција ниту пак Комисијата е должна да објавува оглас за работа“, вели ЕК во одговорот до јавноста.

Сослушан од страна на буџетската комисија на Европскиот Парламент на оваа тема, комесарот за административни прашања, Гинтер Етингер ја повторуваше истата реченица пред европратениците кон средината на март. „Селмаер не е монструм, не е партиски човек. Дадете му шанса ве молам“, побара Етингер од ЕП.

За новинарот кој ја откри аферата, Етингер не успеал да убеди како Селмаер бил промовиран од шеф на кабинет на заменик генерален секретар, а потоа за неколку минути и генерален секретар.

За него одговорите на ЕК до пратениците „не го оттргнаа впечаток дека станува збор за прекршување на европската јавна функција. Фактот што Етингер призна дека Селмаер „делумно“ учествувал во пишувањето на одговорите на ЕК до Европскиот Парламент дополнително фрлаат дамка врз случајот.

Катрмер тврди дека станува збор за „чист конфликт на интереси“.

Дополнително Етингер призна пред европратениците дека Селмаер останува „шерпа“ (личен претставник за ЕУ самитите) на Јункер, што е функција која треба да ја врши неговиот нов шеф на кабинет. Притоа, новата шефица на кабинет на Јункер, според новинарот Катрмер, е Клара Мартинез. Мартинез, тврди новинарот, му должи многу на Селмаер како поранешна блиска соработничка.

„Со ова Селмаер собира три функции… Ова е невидена концентрација на моќ“, пишува францускиот новинар.

Ризик за Јункер?

Европските парламентарци најавуваат дека ќе се бара отворање на истрага, а европскиот омбудсман вели дека веќе две жалби околу назначувањето на Селмаер се примени во службата.

Европските Либерали се посебно остри за овој случај. Холанѓанката Софи Ван ‘Т Велд за Гардијан неодамна изјави дека нејзината политичка група нема да ја поддржи Комисијата на Јункер доколку Селмаер остане на оваа функција. За неа одбраната на Етингер само ги влошила работите и дека тој се однесувал кон европратениците како да се „глупави“.

Гардијан понатаму пишува дека оние кои го бранат Селмаер велат дека ова е „заговор на левичарите со анти-германски елементи“.

Новинарот кој го обелодени случајот во весникот Либерасион бара оставка од Селмаер велејќи дека тој веќе изгубил кредибилитет по објавувањето на скандалот.

Но, претседателот Јункер цврсто стои зад неговиот соработник.

Според повеќе извори на Политико Европа, Јункер по завршувањето на последниот европски самит на новинарите им порача:

– Ако замине Селмаер, заминувам и јас.

Тања Милевска, МИА

генерален секретар Европска комисија Жан Катрмер Жан-Клод Јункер Мартин Селмаер Селмаергејт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.