Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Селмани: Притворот за Кежаровски е закана за сите новинари

0
By Нова ТВ on June 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, за „24 Вести“ ги објаснуваа реакциите на новинарите и на еснафските здруженија, како и вчерашниот протест пред скопскиот Основен суд 1 заради апсењето на новинарот Нова Македонија, Томислав Кежаровски. Тој вели дека протестите се организирани зашто не се знае во што се состои обвинението, а и не е познато зошто е одредена мерката притвор.

– Не сме убедени дека мерката притвор е легитимна. Ние знаеме дека таква мерка се одредува кога постои опасност да се напушти земјата, да се повтори делото или да се влијае на сведоците. Во овој случај нема легитмна цел дека тоа може да се случи зашто ако постоела таква опасност колегата сето ова можел да го направи во изминатите 4 години – вели Селмани.

На прашањето дали ваквото апсење може да стане навика, пракса, да се повтори во некои идни случаи и да служи како средство за заплашување на новинари, Селмани вели дека тоа не не би требало да изненади.

– Имајќи ја предвид целата ситуација, иницијативата за донесување на закон, притисоците на медиумите, мислам дека нема да биде далеку од вистината ако овој случај има намера таква порака да прати – истакнува тој.

За новиот нацрт-закон за медиуми Селмани смета дека освен директивата на ЕУ, која се спомнува во него, се друго е спорно – општите одредби, начинот на кој е поставен регулаторот, поставеноста на Македонската радио телевизија и слично. Тој додава дека очекува истите забелешки да ги повтори и експертот од Германија, кој е ангажиран од Советот на Европа за анализа на законот.

Во однос на условите за почеток на дијалог со Владата, Селмани вели дека за тој да биде ефективен треба да се обезбеди гаранција договорите што се постигнати да се спроведуваат, зашто инаку дијалогот се компромитира кога една од страните не го почитува договореното. Како пример тој го посочи токму Законот за медиумите за кој вели дека начинот на кој е предложен е спротивен на договорите постигнати во работната група.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.