Претседателот на Здружението на новинар(ЗНМ), Насер Селмани, во саботното интервју на Радио Слободна Европа, одговара на повиците на Европската комисија за оживување на дијалогот на новинарите со Владата.
РСЕ:ЕУ очекува новинарите и власта да продолжат со преговорите за предлог законот за медиуми. Дали е тоа можно со оглед на Собранискиот инцидент на 24 декември, затворската казна за Кежаровски и интервенцијата на специјалците на новинарскиот протест?
Селмани:Прво јас мислам дека треба да објасниме зошто има потреба Европската комисија да прати една таква порака до македонската влада. Мислам дека идејата на Комисијата е да прати порака до владата дека законите не се добри, прво, дека дебатата којашто ја организираше повеќе беше глумење дебата отколку дебата и да прати порака дека клучните забелешки и на новинарските здруженија и на експертите од Советот на Европа и ОБСЕ, не се почитувани, не се вградени во законите. Мислам дека никој не треба да има дилема во оваа порака што ЕК ја праќа до владата. Мислам дека вториот момент е, ако внимателно се следи изјавата на еврокомесарот Филе, тој рече владата повеќе да ги почитува новинарите. Тоа значи дека владата со нејзиниот однос покажува непочитување кон новинарите и дека таа треба да се коригира во тој правец. Со тоа на некој начин ни го зајакнува нашиот грб, сака да ни ја подобри нашата позиција во општеството и ако гледате дека некој сака да ви помогне, а вие неодговорно се однесувате кон тоа, тогаш навистина сте осудени на пропаст, затоа што ние не можеме да се мериме со силата на владата, ги имаат ресурсите, ја имаат моќта и реално може да нè заобиколат, како што покажуваат дека знаат да нè заобиколат. Прашањето сега е дали ние и покрај сè, ние не сме наивни дека сето ова што се случува всушност ги убива можностите за дијалог и можеби идејата е да нè натера нас да речеме дијалогот не е можен. Не. Ние ќе речеме дека дијалогот е секогаш можен ако има волја за тоа.
РСЕ:Дали создаде услови?
Апсолутно. Затоа што, мислам дека во ваква ситуација во каква што сме сега, мислам дека се мали шансите дека ние можеме сериозно да седнеме и да разговараме затоа што очигледно довербата е изгубена. Ние не се чувствуваме одговорни, како новинарско здружение и како новинари не сме направиле ниеден чекор да ја нарушиме таа доверба. Таа недоверба којашто постои меѓу нас е продуцирана од, би рекол, несмасните постапки на владата и ако владата навистина сака да разговара со нас, тогаш ќе треба веројатно малку да се коригира во своите постапки. Демонстрацијата на сила на протестот, казната за Кежаровски, апсолутно покажуваат дека владата се движи во погрешен правец и ако така продолжи, веројатно ние никогаш нема да може да се сретнеме, меѓутоа ние никогаш нема да им дадеме такво задоволство да одат во Брисел и да кажат дека Здружението на новинарите не сака да разговара.
Целото интервју со Насер Селмани погледнете го на овој линк




