Published: Sunday, September 22, 2013 15:06
По информацијата на НОВА дека Хирушките клиники ги затворија вратите за медиумите, се јави директорот на Ургентниот центар доктор Реџеп Селмани. Тој образложи дека денеска е недела и дека тие имаат право да одмараат, па затоа не одговале на повиците.
-Здравствената состојба на Трачуловска е стабилна, таа е надвор од животна опасност изјави кратко Селмани.
Претходно, дежурната лекарка од КАРИЛ порача дека за здравствената состојба на Тарчуловска треба да се обратиме кај нејзиниот сопруг, а не на клиниката.
Тарчуловска беше хоспитализирана во петокот околу 21 часот, по пад од тераса, а лекарите информираа дека има скршена карлица, повреда на рбетот во долниот дел и скршено рамо, по што и беше извршена итна операција.




