Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Селмани: Уставниот суд застана во одбрана на цензурата

0
By Сашка Цветковска on June 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 4, 2014 13:07

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најави дека ќе се жали во Европскиот суд за човекови права во Стразбур откако Уставниот суд одлучи дека исфрлањето на новинарите од галеријата на 24 декември 2012 година било „поради нивната безбедност“. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани оваа одлука ја оцени за „скандалозна, апсурдна и опасна по демократијата“. Меѓудругото, Селмани истакна дека во образложението на Уставниот суд како аргументација дека нивната безбедност била навистина загрозена биле дадени неточни наводи дека врз новинарите се фрлало со тврди предмети.

„Апсурдно е Уставниот суд да тврди дека новинарите биле загрозени. Најодговорно тврдиме дека никој не фрлаше кон новинарите. Не бевме загрозени, не бевме дел од инцидентот и не учествувавме во него. Каква е таа проценка, дека новинарите се позагрозени од пратениците на власта и членовите на владата што останаа во собраниската сала. Уставниот суд се стави во одбрана на една очигледна злоупотреба на законодавната и извршната власт, и ги охрабри институциите во иднина уште подрастично да го ограничуваат правото на слобода на изразување и слобода на медиуми“, рече Селмани.

Селмани даде коментар и на вчерашното интервју на премиерот за новинската агенција МИА во кое што тој оцени дека Македонија е земја со слободни медиуми, а дека констатациите дека тоа не е така се „надуен балон“ и производ на одредени новинари кои од поинакви мотиви зборуваат лошо за слободите во земјата.

„Премиерот нека погледне неколку извештаи од Европската Комисија и нека ги погледне забелешките во однос на слободата на изразувањето во Македонија. Ако е заинтересиран за евроинтеграциите на Македонија, тогаш по нив треба и да постапува“ рече Селмани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.