Македонскиот министер за финансии, Зоран Ставрески во Парламентот достави ребаланс на буџетот или посоодветно кажано дополнителен буџет. Тој гордо тврдеше дека буџетските приходи од сите извори пораснале за 14 проценти, споредено со истиот период минатата година.
Тој тоа го објасни потенцирајќи дека наплатата на даноците пораснала за 6 проценти. Има четири можни извори на таков голем пораст на даночните приходи.
Првиот е инфлацијата. Кога цените на стоките и услугите растат, даночните приходи од нивната продажба исто така растат. На пример порезот на прометот (ДДВ). Даночните приходи од порезот на промет на стоките и услугите чии цени се зголемиле, исто така се зголемуваат.
Но ова не е добро објаснување. Во Македонија нема инфлација. Минатата година всушност имаше негативна инфлација, или економски кажано, дефлација.
Вториот можен извор е растот на економијата. Како што расте економијата, повеќе стоки и услуги, и повеќе продукти се произведуваат. А како што се произведува се повеќе, така има и се повеќе даночен приход. Ова може да е објаснувањето како Ставрески дошол до дополнителни 10 милијарди денари, но и ова не е добро објаснување. Македонската екомонија не е во пораст. Всушност таа е забавена.
На почетокот на годината, сите тврдеа дека македонската економија ќе порасне за 4 отсто. Потоа ја корегираа оваа бројка и рекоа дека таа ќе порасне за 3.5 отсто. А всушност растот денес е 3.2 отсто. Голем дел од овој раст е оптичка илузија. Голем дел од т.н раст на економијата е резултат на владините трошоци. Ако го погледнеме приватниот сектор, нема апсулутно никаков раст. Индустриското производство, споредено со минатата година, е во пораст за 0.8 %, со други зборови, тоа не е променето. Извозот и увозот, надворешната трговија на Македонија, е исто така непроменет. Така што можеби УЈП, или даночните власти, станале поефикасни при собирањето на даноците. Но и тоа не е така. Според последниот извештај на ММФ, наплатата на даноците во Македонија станала уште понеефикасна. Дури и имплементацијата на тој механизам назадува во споредба со минатата година.
ММФ вели дека приходите од порезот на промет и неоданочените приходи, како на пример царинарењето, не се спроведени ефикасно, дека всушност приходот од нив, опаднал. Повторувам, опаднал. Само приходот од даночниот профит благо пораснал. Што значи дека УЈП не станала поефикасна а луѓето не плаќаат поредовно данок, туку спротивно.
Што останува? Од каде доаѓаат овие пари? Ако не е инфлацијата, ако не е растот на економијата, ако не е од поефикасна Управа за јавни приходи, и ако граѓаните на
Македонија не плаќаат зголемени даноци, а сивата економија горе-доле е иста, каде е одговорот на ова прашање?
Одговорот лежи во извештајот на ММФ. Нивниот извештај вели дека Владата им должи многу пари на граѓаните, и на македонските компании. ММФ тоа го нарекува “одложување на исплатата во јавниот сектор“. Ова е фин начин да се каже дека Владата не го исплаќа она што го должи, а им должи пари на луѓето. Им должи на граѓаните за лошите даноци. Им должи на исплата на различни добавувачи, таа едноставна не плаќа.
Последните четири круга на враќање на порезот на промет, парите кои Владата треба да им ги исплати назад на граѓаните и компаниите кои преплатиле, Владата им ги исплатила само спорадично а некогаш воопшто не им исплатила. Зборував со неколку компании и сметководители кои ми потврдија дека Владата не им го дава повратот на ДДВ во минатите четири циклуси, односно минатата година. Зборував и со други компании кои се пожалија дека Владата им должи многу пари.
Секако, ако не си ги плаќате долговите, ако не исплаќате порезот на промет, ако не им плаќате на компаниите и добавувачите, ако не им плаќате на луѓето, доколку не си ги исполнувате обврските како Влада, секако дека имате повеќе пари, и ова може да е објаснувањето зошто Ставрески одеднаш има 10 милијарди денари кои може да ги троши на инфраструктура, и други проекти. Како што се ближиме кон избори, се сомневам дека ќе има уште повеќе милијарди денари за трошење.
Ова е оптичка илузија и политички заговор, а не економска реалноста. Порано или подоцна, Македонците, и идните македонски влади, ќе мора да ја платат цената.




