Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Семејството на двегодишното дете кое почина од заскитан куршум обвинува за полициска бруталност

0
By Zoran Ivanov on January 3, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 3, 2026 07:17

Семејството Аслани, чиј двегодишен син почина во скопскиот Клинички центар откако во новогодишната ноќ во неговата глава заврши заскитан куршум, обвинува за полициска бруталност во повеќе видеоматеријали емитувани во живо денеска.

Во едниот од нив, членови на семејството покажуваат модринки од удари кои велат дека им ги задале полицајци, додека таткото открива дека бил испитуван дали му направил нешто на детето.

Членови на семејството велат дека полицијата апсела и деца и возрасни присутни на местото. Официјален став за овие обвинувања се обидовме да добиеме од МВР, но засега безуспешно.

Детето, според официјалната верзија на настаните споделена од полицијата, починало ноќеска во 2 часот по полноќ.

Семејството бара неселективна и итна правда, да се пронајде и казни сторителот, пишува во видеото на „Рома Прес“.

Обвинителството денеска издаде наредба за обдукција.

Таткото на детето, Муше Аслани, во видеото зборува дека полицијата ги тепала неговите чичковци.

Мене ме малтретираа. Не ме оставија да си го видам синот. Малку ми ги поткршија рацете, а јас сум опериран на раката, ме оставија на ладно, „не ти е ништо“ ми велеа. Ме прашуваа „да не си направил нешто ти, изјавува тој.

Според неговите зборови, бидејќи не бил присутен, сметал дека син му се удрил. Кога го однел детето во болница, полицајците, според неговите зборови, ги буткале присутните членови на семејството и сите биле однесени во полициска станица.

Денеска Министерството за внатрешни работи излезе со официјално соопштение за двегодишното дете кое почина на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако во главата му заврши метален фрагмент. Лекарски извори од Клиниката за трауматологија за „Слободен печат“ изјавија дека проектилот бил од заталкан или одбиен куршум, не е директно упатен и со релативно мала сила е влезен во главата на детето.

На 1 јануари годинава 58 минути по полноќ во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив во многу тешка состојба и со туѓ предмет во главата е донесено двегодишно дете од Скопје, велат од МВР.

Полициски службеници излегле на местото и извршиле службен разговор со 21-годишната мајка Г.Д. која појаснила дека на 31.12.2025 пред полноќ излегла пред дворот од куќата на подрачјето на Гази Баба со детето и гледајќи огномет слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето. Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А.(26). Во 01:58 часот на 02.01.2026 детето починало, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на детето е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Извор: Слободен печат.мк

Асани полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.