НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Семејството на починатата родилка: Санте Плус е болница на смртта-цела година и пол трае предистрагата

0
By Менче Атанасова Точи on July 2, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е прво појавување во јавноста на семејството на Дебора Ќерими Џамбази која почина при породување со царски рез во болницата Санте Плус, но сакаа да се снимаат во камера. Тие бараат да се забрза истрагата за смртта на родилката и за нејзиното бебе кое има тешко оштетување на мозокот

Една и пол година по смртта на 31 годишната Дебора Ќерими Џамбази која почина при породување со царски рез во приватната болница Санте Плус, Основното јавно обвинителство се уште нема покренато обвинение за случајот. Семејството на младата кичевчанка бара надлежните да ја забрзаат постапката за да се најдат виновниците за смртта на младата жена, како и истрагата за нејзиното бебе со која ќе се утврдат причините за тешкото оштетување на мозокот.

Дебора почина на 18  јануари 2018 година поради неправилно поставен тубус при вовед во антестезија поради што дошло до задушување. Еден месец подоцна ОЈО отвори истрага за смртта на родилката, а шест месеци потоа на барање на семејството истрагата се прошири и на бебето кое има тешко оштетување на мозокот бидејќи останало подолго време без кислород во утробата на мајката.

Семејството е незадоволно и не го признаваат Извештајот од вештачењето за бебето од страна на Институтот за Судска медицина. Тие бараат тим од експерти во кои ќе бидат вклучени и невролози, педијатри, гинеколози да изготват детална експертиза за тоа како дошло до оштетувањето на мозокот и  дали можело да се избегнат последиците по неговото здравје.

„Бараме да се забрза истрагата и што побргу да се најдат виновниците. За тоа е потребна и детална експертиза бидејќи Извештајот не одговара на прашањата дали можело да се избегнат последиците по новороденчето, кога е донесена одлуката да се извади од утробата на мајката и зошто тимот на гинеколози не го извадиле бебето веднаш, туку тоа го сториле дури после еден час“, изјави за НОВА, Неџмедин Ќерими, татко на почината Дебора.

Нејзината сестра Аделина Ќерими прашува зошто се чекало еден час после реанимацијата за да се извади новороденчето кога веќе се знаело дека сите витални функции на мајката откажале.

„Многу важен моментот е кога била донесена одлуката да се извади новороденчето бидејќи тоа ќе го даде одговорот дали последиците што ги има по здравјето можеле да се избегнат“, вели Аделина Ќерими, сестра на починатата Дебора.

Сите во семејството на Дебора се лекари и добро ја разбираат медицинатската проблематика, а и самата Дебора беше стоматолог по професија. Нејзините најблиски објаснуваат дека, додека анестезиологот ја реанимирал, гинеколозите требале да реагираат веднаш и да пристапат кон спасување на животот на бебето, а не да чекаат да биде донесена конзилијарна одлука. Поради тоа,  тие бараат Обвинителството да ги преземе сите мерки за расветлување на случајот со што ќе се одговори на сите неодговорени или делумно и нејасно одговорени прашања.

По средбата со семејството НОВА се обрати во Основното јавно обвинителство со прашање до каде е истрагата за родилката и нејзиното бебе.

Од ОЈО за НОВА потврдија дека предметот за починатата родилка е се уште во предистражна постапка и дека се уште се прибира документација.

„ Надлежниот јавен обвинител ја прибира целокупната медицинска документација за починатата родилка, како и документацијата за работењето на медицинската установа и за лицата кои учествувале во породувањето. Од страна на семејството беше даден предлог да се направат дополнителни проверки. Надлежниот јавен обвинител го прифати ваквиот предлог и во моментов се прават дополнителните проверки кои ги побара семејството. По комплетирање на предметот, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, се вели во одговорот од Обвинителството, до НОВА.

Малиот Лисандер живее под апарати со 24 часовна медицинска нега

Ова е прво појавување во јавноста на семејството по смртта на родилката. Тие велат дека за цело ова време чекале институциите да си ја завршат својата работа, а по шокот од загубата на Дебора, енергијата ја насочиле кон бебето борејќи се за неговиот живот.

Малиот Лисандер сега има 1 година и шест месеци и е во тешка здравствена состојба поради оштетување на мозокот. Постојано е приклучен на специјален апарат за трахеостома за да не дојде до задушување. За него во текот на 24 часа во смени постојано е ангажиран по некој член на семејството. Иако 3 месеци престојувал во болница во Турција и уште толку во Австрија се уште е во тешка состојба, дише со помош на трахеостома, се храни преку гастростома и е постојано во стерилни услови. Неговиот татко Муса Џамбази кој е обучен како да му пружа медицинска нега, да го храни и негува, често го носи во ординацијата каде што работи како стоматолог и во посебно адаптирана просторија му дава се што му е потребно на неговиот син.

„За него треба да се грижат две стручно обучени лица во текот на денот. Но, тоа го правиме ние, во смени. Освен што сме физички преуморени бидејќи мора да се грижиме околу Лисандер и да заработуваме за живот, месечните трошоци за специјална храна која ја набавуваме од Австрија, филтри за трахеостоми и се останато, изнесуваат повеќе од 1000 евра“, изјави за НОВА Муса Џамбази, татко на малиот Лисандер.

Тој и останатите членови на семејството на Дебора објаснуваат дека долготрајната асфикција, односно гладта за воздух додека бил во утробата на мајката кога ја реанимирале, довеле до тешко оштетување на мозокот поради што детето сега вегетира. Често пати неговата состојба станува критична поради што неколку пати било хоспитализирано и на Клиниката за детски болести.

И Муса Џамбази потенцира дека истрагата освен кон мајката мора да се насочи и кон детето за да се утврди дали задоцнетата реакција со вадење од утробата е причина за состојбата во која се наоѓа. Тоа ќе го покрене прашањето за одговорноста на гинеколозите, а не само на анестезиологот кој погрешно ја интубирал поради што дошло до задушување. Во вештачењето за детето очекуваат, доколку Судска медицина нема доволно стручни капацитети за настанатите последици по детето, да се вклучат и други стручни лица во координација со Министерството за здравство и Лекарската комора на РСМ.

Сведоштво: Што се случувало за време на породувањето во Санте Плус

На денот на породувањето кое со царски рез во Санте Плус требало да го извршат двајца гинеколози од ПЗУ„Хистера“ биле присутни и сопругот Муса Џамбази и нејзината сестра Аделина Ќерими. Тие заедно со Дебора, во болницата дошле во 8.15 минути на 18 јануари 2018 гдина, откако еден ден претходно бил закажан терминот за породување. Тие раскажуваат дека по совет и убедување на гинекологот Станка Димитрова и Филип Вановски од ПЗУ„Хистера“ било договорено царскиот рез да се изврши во Санте Плус. Велат дека  побарале еден од нив, сопругот или сестрата, да присуствува на породувањето, но тоа не им било дозволено.

„Ние бевме во чекалната кога после половина час до 45 минути почнаа по ходниците панично да трчаат медицински сестри и да извикуваат:„Брзо адреналин“. Сите присутни во чекалната се вознемиривме бидејќи не знаевме за кој пациент се работи, а никој не ни кажуваше ништо. По некое време од операционата сала целата испотена и вознемирена излезе др. Станка Димитрова која ни соопшти дека Дебора имала некаква реакција на анестезијата и дека дошло до престанок на работата на срцето и дека анестезиолозите прават се за да ја реанимираат“, се присетува на тие потресни моменти, Аделина Ќерими.

По, ова тие многу вознемирени се качиле на првиот спрат каде што е операционата сала. За целото тоа време гледале како медицинските сестри во паника трчаат по ходниците и постојано нешто бараат. Во целата таа драма анестезиологот Денис Абас во паника, на помош повикал уште еден свој колега од КАРИЛ, но семејството вели дека поминало време додека тој стигнал, а веќе и не можеле да направат ништо повеќе за да се спаси Дебора.

„ Во еден момент излеговме и ние надвор и видовме како на една медицинската сестра преку оградата на болницата и поддаваат ампули од соседната приватна Европска очна болница. Во меѓувреме сестрите исплашени и во паника се симнаа и по дефибрилаторот за оживување, но во обид да го стават во лифт му се откачија и искинаа каблите. После тоа, вработен од соседната Европска очна болница донесе друг дефибрилатор.“, раскажува Аделина Ќерими, која е лекар специјалист.

Чекањето се оддолжило, а за цело време на вратата на родилната сала стоел човек кој не дозволувал да се приближат до салата. Во еден момент виделе како го носат бебето кое штотуку го извадиле од мајката и со мануелен респиратор што сестрата го држела во рака, со лифт го симнале на приземје и го однеле во Клиничкиот центар.

„Поминаа два часа кога во еден момент излезе гинекологот Димитрова и ни кажа дека се уште ја реанимираат Дебора. На нас како на лекари не ни беше јасно како може реанимацијата да трае толку долго. Очигледно, тие веќе знаеле дека е мртва, но не сакаа да ни кажат, само рекоа дека има „некаков пулс“ и не пратија во една просторија на вториот спрат за да не гледаме како ја изнесуваат. Не ни дозволија да бидеме ниту во возилото за Итна медицинска помош кога ја однесоа на КАРИЛ“, објаснува Муса Џамбази, сопруг на починатата Дебора.

Откако и тие пристигнале на КАРИЛ ги однеле во посебна просторија за состаноци каде што им било кажано да чекаат и ги известиле дека тие продолжуваат со реанимација, но „ само од очај“ бидејќи нема многу надеж за да ја спасат. Во 13.20 минути биле известени дека Дебора ја изгубиле, но дека продолжуваат со реанимација иако нејзиниот мозок е веќе мртов.

Скршени од болка, со трауми од сето што го преживеале во болницата семејството се прашува како е возможно  да не се почитуваат прописите во една таква болница. Анестезиологот Денис Абаз кој доби отказ од КАРИЛ, работел без дозвола во Санте Плус, а исто така и гинеколозите од ПЗУ „Хистера“.

„За нас Санте Плус е болница на смртта и очекуваме институциите да работат беспрекорно на расчистување на случајот“, вели Аделина Ќерими.

Од Управата на болницата уште првиот момент негираа дека родилката, 31 годишната Дебора Ќерими Џамбази починала во Санте Плус. Во дописот кој го испратија до НОВА, дури се заканија со тужба за клевета заради, како што рекоа, изнесување на невистини и побараа јавно извинување.

НОВА од почеток известуваше и го следеше случајот кој предизвика бурни реакции во јавноста. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја затвори болницата, а Министерството за здравство на барање на ДСЗИ ја одзеде дозволата за работа која подоцна Судот им ја врати. Година и половина подоцна истрагата се уште тапка во место.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.