Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЕП: Некоректно е да се зборува за одземање надлежности за ИПА

0
By Нова ТВ on September 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 24, 2016 09:53

По изјавата на новиот ЕУ амбасадор во Македонија Самуел Жбогар за европските ИПА фондови во која тој рече:

“Со најновиот повик вреден три милиони евра за прекугранична соработка со Албанија, сите заинтересирани кои имаат проекти, ќе склучуваат директни договори со канцеларијата на ЕУ во Скопје. Делегацијата на ЕУ во Скопје ќе има улога на единствен договорен орган со кој ќе се склучуваат договорите”, рече Жбогар.

Оваа изјава беше протолкувана како најава со која Европската комисија (ЕК)  ги суспендира македонските институции од менаџирањето на средствата а Делегацијата на ЕУ во Скопје ќе ги дели грантовите и ќе ги потпишува договорите.

Поставивме прашања до Секретаријатот за европски прашања (СЕП) на оваа тема а побаравме и реакција за острата критика на европските ревизори кои рекоа дека македонските власти не даваат активна поддршка за успешно трошење на европските пари. Ви ја пренесуваме реакцијата на СЕП потпишана од државниот секретар Ана Блажеска:

“Амбасадорот Жбогар конкретно зборуваше за ИПА прекугранична соработка и првиот повик во рамки на програмата Р.Македонија – Р.Албанија во програмскиот период 2014-2020 година. Во таа смисла, грубото манипулирање со неговата изјава за начинот на спроведување е направено со дневнополитички цели. Имено, тој не најави никаква новина во спроведувањето на ИПА програмите за прекугранична соработка, имајќи предвид дека во ИПА 2 продолжува истиот метод на имплементација на програмите како и во ИПА 1.

Во конкретната програма за прекугранична соработка Република Македонија – Република Албанија 2014 – 2020, водечка земја е Република Македонија и со тоа Делегацијата на ЕУ во Скопје е задолжена за склучување на договорите со крајните корисници. Значи, станува збор за централизирано управување, исто како во ИПА 1, во согласност со ЕУ регулативите и сите прописи и документи кои се однесуваат на ИПА програмите за прекугранична соработка. Надлежноста за склучување на договорите за овие програми никогаш не ни била во рамки на националните институции, па затоа не ни може да зборуваме дека нешто е скратено, одземено, суспендирано или како и да сакате да го наречете.

Програмите за територијална, односно прекугранична соработка во кои учествува Р.Македонија имаат доста висок процент на успешност и на апсорпција на ЕУ средствата (околу 85%), поради што во овој момент не станува збор за промена на начинот на управување и нема никаков простор за вакви намерно погрешни толкувања на изјавите дадени од ДЕУ или нашите владини претставници. Фактот што Делегацијата на Европската унија е надлежна за склучување на договори (како и досега) не претставува никаков хендикеп ниту за потенцијалните корисници, ниту за националните институции, и тоа се потврдува со успешноста на програмите.

Што се однесува до Извештајот на Судот на ревизори, тој содржи повеќе наоди во однос на предностите и негативните аспекти на децентрализираното управување во ИПА 1 кои во голема мера веќе се детектирани, прифатени и искористени во ИПА 2. Оттаму произлегуваат и различните модалитети на управување што се предвидени во ИПА 2, како резултат на досегашните искуства и научени лекции, но и како стратешки насочено јакнење на системот во одредени сектори. И тоа се пред се секторите кои во иднина, односно по нашиот влез во ЕУ, ќе бидат задолжени за имплементација на структурните фондови, како што се секторите транспорт, животна средина, земјоделство и рурален развој итн, кај кои во ИПА 2 продолжуваме со децентрализирано управување (преку националните институции). Затоа сметам дека е апсолутно некоректно да се зборува за одземање на какви било надлежности на националните институции од кој и да е аспект.”

ИПА Секретаријат за европски прашања СЕП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.