Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сериозна е состојбата во поплавените места

0
By Нова ТВ on February 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Центарот за управување со кризи информираат дека во некои од поплавените места состојбата е сеуште сериозна.

Евакуирани се околу 140 жители од 40 куќи од селото Пишица, како и околу 800 грла добиток.

Критична е состојбата и со браната во Слатино, Охридско.

Во кумановскиот регион евакуирани се 585 лица од Средорек и за нив се обезбедени храна, вода за пиење, ќебиња и греење. Оштетувања има на мостот на реката Петроѓница на стариот пат Куманово – Крива Паланка.

Во општина Липково по течението на Случанска и Матејачка река има излевања по целиот тек, а најпогодени се селата Опае и Лопате.

Од поројните дождови и надојдените води во кочанското село Горни Подлог се урна семејната куќа на Елена и Јордан Јорданови. Јорданови ноќта ја поминале кај соседите заедно со своите две малолетни деца.

Во општина Штип пак, во реонот на Ново Село извршено е испумпување на водата од куќите и поставен е насип од вреќи со песок покрај патот на реката Брегалница.

Во општина Свети Николе водата е навлезена во околу 100-тина куќи.

Поплавено е целото село Пиперево и земјоделските површини, како и дел од населените места Ангелци, Градашорци, Владевци и Василево. Поплавени се дел и од селата Секирник, Зубово, Моноспитово, Босилово и Турново, а отежнато е движењето на возила по магистралниот пат Струмица – Република Бугарија.

Поради излевање на реките поплавени се домови и оризови посеви и во општините Кочани и Чешиново – Облешево. Патниот правец село Тркање – Бање – Спанчево – Соколарци – Жиганци е во прекин кај селото Соколарци каде е однесен дел од патот.

Во скопската општина Илинден поради покачување на подземните води поплавени се околу 20-тина куќи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.