Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сериски убиец осуден на смртна казна починал од природна смрт

0
By Biljana on July 25, 2021 СВЕТ
Фото: АП
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

77 – годишен маж осуден на смрт за убиство на 12-годишно девојче и уште четири други жени починал од природна смрт во американската држава Калифорнија, соопштија американските медиуми.

Родни Алкала починал во болница во близина на калифорнискиот државен затвор Коркоран во раните утрински часови во саботата.

Алкала, кој беше познат како „Убиецот на играта со состаноците“ откако учествуваше во американско ТВ-шоу, беше осуден во 2010 година. Покрај убиствата во Калифорнија, тој исто така се изјаснил за виновен за убиствата на уште две жени во Њујорк.

Алкала бил првиот затвореник кој добил смртна казна во Округот Оринџ во 1980 година за киднапирање и убиство на Робин Самсо (12) во Лос Анџелес кое се случило една година претходно. Сепак, неговата казна беше укината од Врховниот суд во Калифорнија и му беше доделено ново судење. Подоцна ја доби истата казна на второто судење, но и тоа повторно било поништено во 2003 година.

Во следните години, истражителите откриле форензички докази кои го поврзувале Алкала со други убиства во Калифорнија.

На судењето во 2010 година, тој бил прогласен за виновен за убиство на 12-годишната Самсо, како и на уште четири други жени на возраст од 18 до 32 години во периодот помеѓу 1977 и 1979 година.

Во септември 1978 година, Алкала учествувал во играта „Запознавање“, американска ТВ-емисија во која една самохрана жена испрашува тројца самохрани мажи скриени од нејзиниот поглед пред да избере еден врз основа на нивните одговори. Алкала бил избран на крајот од шоуто, но жената подоцна рекла дека решила да не се дружи со него по разговорот што го имале зад сцената, опишувајќи го како „гаден“.

Во 2012 година, Алкала бил екстрадиран во Њујорк откако бил обвинет за две дополнителни убиства од 1971 и 1977 година. Тој ја признал вината и добил казна од 24 години до доживотен затвор.

Претставниците на државниот затвор во Калифорнија во саботата изјавија дека Алкала е осомничен дека бил вмешан во голем број дополнителни убиства. Повеќе детали околу неговата смрт не биле соопштени на јавноста.

Во Калифорнија моментално има околу 700 затвореници на смртна казна, но гувернерот Гевин Њусом нареди мораториум на егзекуциите.

Извор: Би Би Си

Калифорнија Родни Алкала смртна казна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.