Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сертификат „Чисто и безбедно“ за угостителски објекти кои ги почитуваат протоколите за работа

0
By Нова ТВ on April 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 12, 2021 08:55

Независната угостителска комора (НУК) соопшти дека од среда почнува со издавање на сертификат „Чисто и безбедно“ за угостителските објекти кои ги применуваат и почитуваат во целост препораките и протоколите за работа во услови на пандемија.

Комората, како што стои во денешното соопштение, минатата недела потпишала меморандум за соработка со Министерството за економија за добивање овластување за издавање на сертификати „Safe travels“.

– По примерот на европските и соседните балкански држави, а со цел да излеземе побрзо во пресрет на потребите и барањата на нашите членки од среда, 14 април, започнуваме со издавање и на сертификат со пeчат Чисто и безбедно (CLEAN & SAFE) за македонските угостителски објекти кои ги применуваат и почитуваат во целост препораките и протоколите за работа во услови на пандемија Ковид-19, велат од НУК.

Сертификатот е за период од шест месеци, а со него им се дава до знаење на посетителите дека посетуваат трговски и угостителски објекти кои се обврзале да ги почитуваат сите правила, процедури, препораки и протоколи за работа со кои се обезбедува чист и безбеден престој.

– Во време на здравствената криза со пандемијата Ковид-19 во која сме затекнати повеќе од една година, за секој наш гостин најважно е здравјето и неговата сигурност во престојот на угостителските објекти кои ќе мора да покажат и докажат дека ги исполнуваат бараните стандарди, препораки и услови за безбедност и превеција во заштитата на здравјето, потеницираат од НУК.

Угостителските објекти ќе можат да го користат сертификатот и печатот во своите рекламни материјали, на социјалните мрежи, на своите веб страни во електронска форма, како и на влезните врати на рестораните и хотелите.

Од НУК најавуваат дека со донесувањето на препораки или протоколи за организирање на настани како прослави, семејни веселби, свадби и корпоративни настани и препораки за работа на ноќните клубови и дискотеки, ќе бидат изработени соодветни сертификати и за нив.

– Очекуваме голем интерес од угостителите за добивање на сертификати и печати за “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО”. Апликацијата за пријавување за добивање сертификат заинтересираните угостители, менаџери и сопственици на угоститителски објекти можат да ја пополнат на следниот линк: АПЛИКАЦИЈА – БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ И ПЕЧАТ “ЧИСТО И СИГУРНО” (https://forms.gle/u8FejSjgSzUhDiwcA), се вели во соопштението.

Швајцарските здруженија и асоцијација за трговија и туризам се првите кои започнаа со издавање на ваквите сертификати и печати “Clean & Safe”. Швајцарската кампања „Clean & Safe“ е поддржана и од Switzerland Tourism.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.