Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сервер: Името може да се реши само со политичка волја

0
By Нова ТВ on April 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 12, 2013 08:29

Не сум сигурен што е новиот предлог на Нимиц, ниту знам колку ќе се покаже прифатлив за обете страни. Поентата е дека ова прашање може да се реши со политичка волја. Има многу можни решенија.

Но, сметам дека и на грчка, и на македонска страна, последниве 20 години не постоеше политичка волја, вели Даниел Сервер, професор на Катедрата за постдипломски меѓународни студии на Универзитетот Џонс Хопкинс и член на универзитетскиот Центар за трансатлантски односи во интервју за Гласот на Америка на македонски.

Според Сервер, Македонија во моментов навистина сака да влезе во НАТО што е можно побрзо и тој прием би се случил пред влезот во ЕУ. За населението во Македонија, особено за албанскиот дел, решавањето на ова прашање е многу важно и би помогнало да се смират меѓуетничките односи доколку Македонија релативно брзо влезе во НАТО, а потоа и во ЕУ.

На прашањето во врска со американскиот влог во целиот процес, Сервер нагласува дека САД би сакале да ја видат Македонија во НАТО и ЕУ.

– Важно е да се разбере дека САД навистина во ова немаат важен национален интерес. Би сакале да ја видат Македонија во НАТО и ЕУ. Мое лично чувство, но тоа е целосно лично, е дека приемот во НАТО треба да се случи согласно Времената спогодба, што значи Македонија да влезе како поранешна југословенска република Македонија. Моето сознание е дека Македонците се подготвени да прифатат членство во НАТО под тој услов, , вели професорот.

И во однос на одлуката на Меѓународниот суд на правдата, Грција би требало да биде подготвена да го прифати истото, иако, очигледно, додава Сервер, се уште не го сторила тоа. Американците, доколку навистина сакаат да придонесат во ова, би инсистирале Македонија да влезе во НАТО што е можно побрзо како ПЈРМ.

Сервер смета дека од проценката на преговарачот зависи колку транспарентни треба да бидат предлозите за кои се преговара.

– Ако соопштите во јавноста прерано, луѓето брзо застануваат „за“ и „против“. Од друга страна, јасно е дека и во Грција, и во Македонија, без оглед на тоа за што ќе биде постигната согласност, ќе треба да биде прифатено нашироко, особено во Македонија, каде можеби ќе има потреба за уставни амандмани – не можете да ги донесете без широка политичка согласност за решението, какво и да е. Морам да го почитувам доброто проценување на посредникот Нимиц за тоа кога да го соопшти предлогот во јавноста, нагласува Сервер.

Чувството досега, вели, беше дека, доколку веднаш се соопшти во јавноста, се губи секаква можност за постигнување решение. Но, на крајот, ќе мора да биде соопштено и ќе мора да биде широко прифатено, така што лидерствата во Грција и Македонија ќе мора да завршат работа истото да го „продадат“ во јавноста.

За тезата дека Македонија воошто не треба да преговара со оглед дека преку 130 земји веќе ја признале под уставното име, Сервер со став: „Мошне добро ја разбирам таа перспектива. Единствената вистинска причина да се преговара на оваа тема – Македонија е позната како Македонија насекаде во светот, освен во Грција, и, искрено кажано, дури и грчките дипломати го прифаќаат фактот дека сите и се обраќаме како Македонија, значи повеќе не постои вистински проблем – значи, перфектно разбирам зошто некои Македонци би можеле да заклучат дека сегашното решение е најдоброто.

Проблемот, нагласува, е што со тоа, едноставно, членствата во НАТО и ЕУ не се можни.

– Зависи колку го вреднувате членството во НАТО и ЕУ. Се надевам дека членството во НАТО ќе се случи согласно Времената спогодба, ако не биде постигната друга, поконечна спогодба. За членството во ЕУ ќе мора да има поконечна спогодба, тоа сите јасно го велат веќе подолго време. Сегашната ситуација е добра ситуација за Македонија, но ако сака да стане членка на ЕУ, ќе мора да истапи чекор напред, заклучува Даниел Сервер во интервјуто за Гласот на Америка на македонски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026

Луфтханза во штрајк – откажани стотици летови

February 12, 2026
ФОКУС
February 14, 2026

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

ВЕСТИ February 14, 2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во…

Јотова: Северна Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер но да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

February 14, 2026

Кос: Во следното проширување на ЕУ нема да дозволиме да влезат „Тројански коњи“

February 14, 2026

Левица: Падна една недопирлива – победи јавниот притисок за Цвета Ристовска

February 13, 2026
ТИКЕР

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026

Луфтханза во штрајк – откажани стотици летови

February 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.