Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Сета убавина мора да умре“ проект на Велимир Жерновски

0
By Нова ТВ on September 6, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 6, 2013 14:26

По повод денот на независноста- 8 ептември, на јавните простори во град Скопје ќе биде поставен уметничкиот проект „Сета убавина мора да умре“ на авторот Велимир Жерновски.

Поставувањето на цртежите на Жерновски како билборди во јавниот простор, претставаува уметничка критика на основните претпоставки на државотворноста и независноста.

Уметникот отвора простор за сите оние кои се исклучени и маргинализирани во државните прослави на овој празник. Тој поттикнува критика на насилството како производ на националистичката, маскулинистичката и нормативна социјалност. Критиката на национализмот и неговата маскулинистичката логика станува истовремено и критика на “потрагата по корените“ во далечната антика.

Нашето искуство е паланечко. Ова е тешката и неподнослива вистина со која настојува да не соочи проектот на Велимир Жерновски во кој се испресекуваат маскулинизмот, доминантната политика и паланечкиот дух. ’Сета убавина мора да умре’ не е само рефлексија на паланечкото искуство и ум, туку и проект кој отвора контра-паланечка перспектива, кој граничи со скандалозното, со логиката на табуто.

Вклучувањето на маскулинизмот во проектот има за цел да ја соголи, проблематизира, иронизира, но и трансформира вековната релација помеѓу политиката и машкоста.

Изборот на Жерновски на разголени машки тела во цртежите ја раздиплува самата телесност како локус на родовиот апаратус на моќ. Сета убавина мора да умре! Поинаков свет е возможен!

Проектот е поддржан од Коалицијата СЗПМЗ и Фондациите отворено општество Њујорк (OSF)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.