Published: Saturday, January 4, 2025 16:42
Илјадници Јужнокорејци денеска излегоа на протести во Сеул во услови на сè подлабока политичка криза по неуспешниот обид за апсење на сменетиот претседател Јун Сук-јеол, обвинет за „бунт“ поради обидот да воведе воена состојба на почетокот на декември.
Во центарот на градот, близу главниот плоштад и пред домот на Јун, се случуваат собири на неговите противници и на неговите поддржувачи.
Вчера околу 200 војници и припадници на безбедносните служби ги блокираа обидите за негово апсење, а обидот траеше шест часа.
Истражните служби имаат рок до понеделник да ја извршат наредбата за апсење додека Уставниот суд на 14. јануари ќе го започне процесот за потврдување или одбивање на импичментот на Јун.




