Пронајдени патогени бактерии во три од седум примероци земени од храната во кујната на градинката Сончоглед, покажале последните резултати добиени од Центарот за јавно здравје.
Централната кујна во градинката во која неколку деца се затруја со салмонела, останува затворена, се додека не се исполнат санитарно хигиенски мерки од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Останатите примероци од работните површини и испироци од рацете се негативни, односно кај нив не се пронајдени бактерии.
Кај вработените и кај децата исто така не се пронајдени бактерии, останува само да се почекаат вонредите санитарно хигиенски прегледи на вработените.
Во ДСЗИ пред пет дена потврдија дека три деца се со дијагностицирана салмонела, а симптоми имало уште кај пет други деца.
Преходно, директорката на градинката тврдеше дека оттаму сеуште не знаат дали изворот на салмонела е во градинката или од друго место.
Детската градинка се наоѓа во Автокоманда и од околу 600 деца, колку што се запишани во сите единици на „Детска радост“.




